Достапни линкови

Урагани и тајфуни, милиони евакуирани и десетици загинати


Над 2 милиона евакуирани поради тајфунот во Кина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Над 2 милиона евакуирани поради тајфунот во Кина

Ураганот Флоренс, што го погоди југоистокот на Соединетите Држави, предизвика огромни штети и десетина загинати. Во исто време во југоисточна Азија пустоши тајфунот Мангхут.

Супер тајфунот Мангхут направи вистински хаос во некои градови на провинцијата Гуангдонг во јужна Кина.

Со ветрови од над 160 километри на час тајфунот донесе поројни дождови и однесе десетици човечки животи, додека стотици други биле повредени.

Претходно повеќе од два милиона луѓе биле евакуирани од провинцијата Гуангдонг.

Тајфунот Мангхут претходните денови опустоши делови на Филипините и Хонг Конг.

Властите на Хонг Конг соопштија дека околу 300 луѓе биле повредени и оти штетите биле катастрофални.

Една постара жителка на Хонг Конг изјави дека ова било најстрашното невреме што го видела:

Вчерашната бура беше многу силна, па дури и за мојата тежина. Ме носеше ветерот, поради што многу се уплашив. Многу дрвја беа паднати и многу прозорци беа скршени. Беше многу сериозно овој пат“.

Тајфунот кој најпрвин беше со ветрови со брзина од над 200 километри на час ги погоди Филипините при што најмалку 64 луѓе загинале, додека 40 се водат како исчезнати.

Во меѓувреме, во Северна Каролина бурата Флоренс оштети десетици илјади домови и беше причина за десетина смртни случаи, вклучувајќи го и оној кога мајка и дете загинале од дрво кое паднало врз нив.

Но, жителите сега се соочуваат со нови опасности.

Надојдените реки во Северна Каролина би можело да предизвикаат поплави, не само во таа сојузна држава туку и во соседната Јужна Каролина.

Гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер изјави дека реките биле преполни и оти ќе почнат да се излеваат:

„Тие се уште немаат почнато, но ќе почнат. Прашањето е колку висока ќе биде водата: И ние не знаеме“.

Во Северна и Јужна Каролина е нарадена евакуација на луѓето, а долги колони автомобили можат да се видат надвор од најпогодените градови.

Во овие две американски сојузни држави, како и во Вирџинија и Мериленд поради невремето е прогласена вонредна состојба.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG