Достапни линкови

Растат тензиите меѓу Русија и САД околу Сирија


Русија и САД разменија предупредувања околу Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Русија и САД разменија предупредувања околу Сирија

Руската амбасада во Вашингтон соопшти дека ги предупредила Соединетите држави да не се ангажираат во „неоправдан и илегален акт на агресија“. До ова доаѓа како одговор на последните американски предупредувања дека Вашингтон би можело да одговори на секој нов напад со хемиско оружје изведен од сириската влада.

„Ескалацијата на тензиите во Сирија не е ничиј национален интерес“, се наведува во соопштението на руската амбасада во кое се додава дека предупредувањето против какви било американски напади врз сириската влада било упатено на приватната средба побарана од рускиот амбасадор Анатолиј Антонов со помошникот државен секретар за Блискиот исток Дејвид Сатерфилд и со новиот американски пратеник за Сирија Џим Џефри.

Претседателот Доналд Трамп двапати веќе има наредено воздушни напади врз Сирија по инцидентите со хемиско оружје.

Размената на предупредувања се случува во моментот кога сириски и руски војници се подготвуваат на, како што оценуваат западните сили, голема офанзива врз провинцијата Идлиб која е последното засолниште на бунтовниците во Сирија.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во врска со ситуацијата во Идлиб изјави:

„Ова е последното главно упориште на терористите кои шпекулираат со статусот на зоната на деескалација, обидувајќи се да го задржат цивилното население како заложник, како човечки штит и кои се обидуваат да создадат вооружени форми подготвени за преговори со владата. Од секоја гледна точка, овој чир треба да биде ликвидиран“.

Во меѓувреме, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди на растечкиот ризик од хуманитарна катастрофа во Идлиб доколку владините сили спроведат голема воена операција.

Во оваа провинција која се граничи со Турцја во моментов иманад 3 милиони луѓе.

Според проценките на Обединетите нации, очекуваниот владин напад врз Идлиб и околните области би можело да предизвика околу 800.000 луѓе, кои и онака се наоѓаат во тешка хуманитарна ситуација, да бидат принудени да ја напуштата провинцијата.

Претставник на Канцеларијата за хуманитарна координација на Обединетите нации со седиште во Дамаск Линда Том вели:

„Се плашиме дека поради зголемената ескалација на непријателствата во таа област до 800.000 луѓе би можеле да бидат раселени и оти бројот на луѓе кои имаат потреба од хуманитарна помош, кој и онака е висок, би можело драстично да се зголеми“.

Том страхува доставувањето на хуманитарната помош би можело да биде отежнато поради очекуваните судири во густо населената територија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG