Достапни линкови

Тендери ли се тендери - ваши коментари


Директорот на Фондот за иновации за технолошки развој Јован Деспотовски и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Старите не ги осудија, туку си продолжија, им се виде слатко“, гласи еден од коментарите на нашите читатели по информациите за владините тендери, во кои се прозвани Министерството за здравство и вицепремиерот Анѓушев.

„Не сме склучиле договор, постапката е во фаза на еваулација“, изјави на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче откако во некои медиуми излегоа информации дека на тендерот за реагенси вреден 35 милиони евра се јавила и добила само една фирма формирана пред четири месеци.

На нашата ФБ страница, барем засега, само еден пост од Драган Георгиевски: „Грев е да ти коментирам... ОГЛЕДАЛО“. А изјавата на вицепремиерот Кочо Анѓушев, исто така прозван од јавноста дека фирма во која тој има сопственички удел добила над 160 илјади евра од владината Програма за економски раст и дека не гледа причина вработените во компаниите во кои има удел да бидат дискриминирани поради неговата функција „собрала“ огромен број негативни коментари од нашите посетители, дури и размена на мислења помеѓу Зоран Кирковски и Дамјан Делковски. Првиот постирал: „Ооо, не гледал. Зашто тоа во нормалниот свет се вика конфликт на интереси и корупција...“ Дамјан Делковски вели: „Во зимски сон ли бевте кога Мијалков ја купи цела Македонија со голем труд стекнатите пари... уупс со нашите пари“. „И што сега, ако Мијалков правел, ај сега оправдање и овие да прават. Нит старите ги осудија, а си продолжија и они, слатко им се виде“, одговара Зоран Кирковски. Владимир Ивановски му препорачува на Анѓушев „да постави забрана за да си го исчисти образот. И самиот вели дека во минатото премногу глупости се случувале на ова поле и никој веќе нема доверба во тоа што го зборува“. Ертан Шеху пишува: „Си требал да не се кандидираш за позицијата во која си, сите знаеме дека не треба да се дозволат БИЗНИС ИЗЛЕТИ од овој тип и тогаш не би дошло до ваква реакција“.

А по острата реакција на ВМРО-ДПМНЕ дека владејачката партија си правела „нелегални тендери и донации кога целата јавност е свртена на прашањата околу името и ќе си лежи Анѓушев за судир на интереси“, Дени Владиков постирал: „Вмровциии... збудалевте, не знаете кај терате“.

И две писма предизвикале куп реакции на нашата ФБ страница. Она од 40-темина европски и американски интелектуалци со поддршка за Договорот за името и од унгарскиот премиер Орбан, исто така со поздрав до премиерот Заев за договорот со Грција. Многумина бараат интелектуалците да се објават со име и презиме, како што постирал Славко Буџакоски кој на РСЕ ѝ забележува дека пренесувала „батал вести“. Голем број од оние што постирале не веруваат дека Виктор Орбан испратил такво писмо и го посакуваат тој да бил во Македонија оти бил „политичар, а не багра како ние што имаме“, напишал Никола Деков. И Драган Станојоски, исто така. Заборавајќи дека Орбан го осудува цела Европа за кршење на човековите права, за задушување на слободната мисла и слободата на медиумите, како и за одбивањето Унгарија да прими бегалци од блискоисточните земји...

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG