Достапни линкови

Ваши коментари - „Не“ за амнестија и навреди за Шекеринска


Упад на демонстранти во Собранието на Македонија, 27 април, 2017

Политичките теми се поинспиративни за коментари од нашите фанови. Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на 27 април предизвикало многу читатели да не ја одобруваат амнестијата, а коментарите за интервјуто со министерката Шекеринска пак изобилуваат со лични навреди и говор на омраза.

Амнестија за оние што упаднаа во Собранието на 27 април минатата година и момчињата заглавени во пештерата во Тајланд – две топ теми на ФБ страницата на РСЕ. За првата мноштво постови и коментари, за втората – ниту еден. Ете го на дело влијанието на политиката кај нашите граѓани.

Ѓорѓи Ристески вели: „Нема проблем, вие аздисувајте, валкајте, лажете, крадете....па после амнестија, и чудете се зошто нормалниот свет не ве цени за луѓе?!“ Веднаш му одговара Александра Сандрица Македонска: „Лажењето, крадењето, јудизмот... се одлика на вашиот Јуда Зајеб“. За Игор Вики Магероски тие што влегоа во Собранието се „деца што влегоа да ја тепаат баграва сегашна на владата“, а Даут Муртези се чуди: „Па нели Мицкоски бараше правна разврска за сите инволвирани на 27 април...што се случи сега?“ Благоја Стојчевски се смее и вели: „Хахаха, па нели македонштината, јазикот, идентитетот се загрозени, не, не, ќе си лежите!!“ Коцев Зоран смета дека „со самото влегување во Собранието веќе си ја заработија кривичната, а за другото ич да не разговараме“. Авди Авдија со одобрување на зборовите на министерот Спасовски дека нема да има амнестија, но и со извесно стравување: „Честитики, не дај Боже да има амнестија. Дури тогаш ќе си го играме тешкото оро, а од Иванов сè е можно“.

За момчињата заглавени веќе две недели во пештера во Тајланд – нема ниту еден пост, најмалку за да се изрази сочувственост за нивната судбина.

Но затоа по интервјуто на министерката за одбрана и потпретседателка на СДСМ, Шекереинска за РСЕ – постови, постови, коментари – најголемиот дел од нив со лични навреди и говор на омраза непримерени за објавување. Од оние поумерените: Николчо Г. предлага: „Прво да има референдум, па потоа гласање во Парламент за да се знае што мисли народот за договорот“, а за Елена Андонова образложенијата на Шекеринска за позитивните влијание на членството во Алијансата и во ЕУ се „перење мозок на центрифуга. Нема да ви помине“, напишала. Ласте Трајковски смета: „... По неколку милиони ќе ви легнат на сметките, нема да ви помине. Ќе одговарате, мора да одговарате“. Наим Баки краток и јасен: „Се заврши работата. Уживајте!“

По рубриката на РСЕ, Фото вести на денот - Настаните на денот низ фотографии, каде што е објавена изјавата на Иванов дека „Заев лаже“, Бобан Вукелиќ постирал: „Да не е жалосно, изјавата на фикусот би била смешна. Неговиот фанатизам и полтронство се неверојатни...“ Бојан Иванов се гази од смеење на веста дека НАСА „тргнува кон Сонцето“: „Не, озбилно, ова е кромид вест или пржен кромид вест, хахаха“, исто како и Славче Ѓоревски: „Хахаха, сите лажат“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG