Достапни линкови

Балканската четворка заседава во Солун


Архивска фотографија- средба на лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија во Софија

Во Солун доцна попладнево почна заседание на Советот за соработка на високо ниво меѓу премиерите на Бугарија, Грција и Романија, Бојко Борисов, Алексис Ципрас и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Во фокусот на разговорите на лидерите на балканската „четворка“ е забрзувањето на имплементацијата на заедничките транспортни и инфраструктурни проекти, а ќе стане збор и за продлабочување на регионалната стабилност.

Тоа е четврта средба по ред во тој формат. Првиот Совет за соработка меѓу лидерите на четирите држави се одржа во Варна, а негов домаќин беше бугарскиот премиер Бојко Борисов. Следеа состаноци во Белград и Букурешт, а домаќин на денешната средба во Солун е грчкиот премиер Алексис Ципрас. Министрите за транспорт на четирите земји одржуваат паралелен состанок во Солун за да разговараат за продлабочување на соработката за патните и железничките врски.

XS
SM
MD
LG