Достапни линкови

Руски новинар, критичар на Кремљ убиен во Киев


Во Киев убиен руски новинар, критичар на Кремљ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Во Киев убиен руски новинар, критичар на Кремљ

Истакнат руски новинар и критичар на претседателот Владимир Путин беше застрелан во Киев, каде што, поради закани, избега од Русија.

Четириесет и едногодишниот Аркадиј Бабченко им починал на раните на пат кон болница откако, соопшти полицијата, додавајќи дека постои сомневање оти убиството било поврзано со професионалните активности на Бабченко.

„Застрелан во грб, најмалку два пати е новинар и презенетер на каналот АТР. Неговата сопруга била дома и слушнала пукање. Според првичните информации, таа излегла од бањата и го видела нејзиниот сопруг облеан во крв“, изјави ортпаролот на полицијата Јарослав Тракало.

Бабченко, поранешен војник во чеченската војна, кој стана еден од најпознатите воени известувачи на Русија, ја напушти својата татковина, плашејќи се за својот живот, откако ја критикуваше руската политика во Украина и Сирија.

„Ова е трагична загуба, огромна загуба за новинарството, бидејќи тој беше еден од малкумина што ја напишаа вистината за тоа што прави Руската Федерација. И ако не беше опасно за нив, ако не се грижеа за тоа, тие не би го убиле. Тоа е пресметан, намерен меѓународен терористички криминал со директни инструкции од руските власти“, изјави директорот на каналот АТР Ајдер Муждабаев.

Пред две години Павел Шеремет, белоруски новинар, познат по своите критики на раководството на неговата земја и по неговото пријателство со убиениот руски опозициски водач Борис Немцов, беше разнесен во автомобил-бомба во центарот на Киев.

Москва негира каква и да е вмешаност во убиството на Бабченко и најави сопствена истрага.

Бабченко известуваше за руските воени активности во Сирија, како и за уривањето на авионот на Малезија ерлајнс во јули 2014 година во источна Украина, за што меѓународни иследници во минатата недела посочија дека одговорна е Русија.

Москва повторно негира каква било поврзаност со паѓањето на авионот врз област на Украина што ја држат проруските сепаратистички сили.

На неговиот последен Фејсбук пост, пред да биде убиен, Бабченко се сеќава на инцидентот од пред четири години, кога тој требаше да лета во украински воен хеликоптер до регионот Донбас.

Поради преоптовареност на хеликоптерот не му беше дозволено да лета. Хеликоптерот беше соборен при што загинаа 14 лица. „Јас имав среќа. Мој втор роденден“, напиша тој.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG