Достапни линкови

Северна Кореја го предупредува Трамп да не се фали


Северна Кореја: денуклеаризацијата не е резултат на санкциите од САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Северна Кореја: денуклеаризацијата не е резултат на санкциите од САД

Северна Кореја соопшти дека нејзината намера да се денуклеализира не е резултат од меѓународните санкции и притисоци под водство на САД.

Ова следуваше по неодамнешнитетврдења на американскиот претседател Доналд Трамп дека бил заслужен за историските дипломатски случувања меѓу Северна и Јужна Кореја.

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун и претседателот на Јужнокорејската Мун Џае Ин во минатиот месец ветија целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Претседателот Доналд Трамп во петокот изјави дека бил одреден датумот на неговиот состанок со Ким Џонг Ун.

„Ние сме во постојан контакт со Северна Кореја. Всушност, ги одредивме времето и местото и наскоро ќе бидат објавени“.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин изјави дека Трамп заслужил Нобелова награда за мир за неговите напори да се стави крај на спорот помеѓу двете земји.

Меѓутоа, официјалната новинска агенција на Северна Кореја објави дека Вашингтон „го заведува јавното мислење“, тврдејќи дека настаните се резултат од санкциите предводени од САД.

Ваквата оценка може да значи враќање кон повторна изолација на таа земја по неколку недели очигледно одмрзнување во односите, почнувајќи од веста дека Ким сака да се состане со Трамп.

Северна Кореја е погодена од низа санкции на Соединетите држави и Обединетите нации во последниве години како одговор на нуклеарните и ракетните тестови на Пјонгјанг.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео деновиве изјави:

„Има огромни дипломатски напори да се одржи притисокот врз Северна Кореја и да се доведе на преговарачката маса каде што може успешно да ја отстраниме заканата од нуклеарниот арсенал на Ким Џонг Ун“.

Северна Кореја во неделата го предупреди Вашингтон да не ја сфаќа мировната намера на Пјонгјанг како знак на слабост, и го предупреди да не ја провоцира Северна Кореја, со распоредување воена опрема во Јужна Кореја и отворање нана прашањата поврзани со човековите права.

„Но, мислам дека многу големи работи ќе се случат, но воени сили не се на маса, апсолутно“.

Трамп планира да се состане со Ким во наредните неколку недели, иако во петокот рече дека ќе ги продолжи санкциите и притисокот врз Северна Кореја.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG