Достапни линкови

Мајк Помпео се сретнал со Ким Џонг Ун


Трамп: САД во директни разговори со Северна Кореја околу самитот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Трамп: САД во директни разговори со Северна Кореја околу самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп обелодени дека Соединетите држави имале директни разговори на, како што рече, „исклучително високи нивоа“ со Пјонгјанг за најавениот негов состанок со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Американските медиуми јавуваат дека Мајк Помпео кој е номиниран од претседателот Трамп за нов државен секретар, откако го отпушти Рекс Тилерсон, се сретнал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во врска со очекуваната тет а тет средба меѓу Трамп и Ким за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Разговорите меѓу Ким и Помпео кој е диркетор на ЦИА во заминување, според „Вашингтон пост“, се одвивале за време на тајната посета на Помпео на Северна Кореја на Велигденските празници.

Претходно Трамп на состанокот со јапонскиот премиер Шинзо Абе, одржан во неговиот приватен клуб на Флорида изјави дека средбата со Ким веројатно ќе биде во почетокот на јуни или порано и оти се разгледувале пет места каде што би се одржала.

„Ние, исто така, директно разговаравме со Северна Кореја. Имавме директни разговори на многу високи нивоа, екстремно високи нивоа - со Северна Кореја. И навистина верувам дека има многу добра волја, се случуваат многу добри работи. Ќе видиме што ќе се случи, како што секогаш велам, ќе видиме што ќе се случи. Бидејќи на крајот тоа е конечниот резултат што се смета - не фактот дека размислуваме да имаме состанок - или да имаме средба“.

Трамп изрази уверување дека средбата со Ким ќе даде вистинска шанса за решавање на еден светски проблем.

Тој, исто така, потврди дека двете Кореи преговараат за ставање крај на непријателствата пред планираната средба помеѓу лидерите на Северна Кореја Ким Џонг Ун и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин во идната недела.

Трамп рече дека ги поддржува напорите меѓу Сеул и Пјонгјанг, чија цел е ставање крај на воената состојба меѓу двете земји, која трае од 1953 година.

„Тие го имаат мојот благослов да разговараат за крајот на војната“, рече Трамп, кој најави дека на состанокот со Ким Џонг Ун ќе го покрене и прашањето за киднапираните јапонци што ги држи Северна Кореја.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG