Достапни линкови

Националната гарда на САД на границата со Мексико


Трамп испраќа војска на границата со Мексико
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Трамп испраќа војска на границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша прогласот за распоредување на Националната гарда на границата со Мексико со цел борба против илегалната имиграција. Мексико изрази негодување и бара објаснување за ваквиот чекор.

Американската секретарка за внатрешна безбедност Кристјен Нилсен најави дека разместувањето на војниците ќе биде спроведено што е можно побргу.

„Заканата е вистинска. Време е да дејствуваме“, рече таа додавајќи:

„Претседателот му нареди на персоналот на Националната гарда да биде распореден на јужната граница. Министерството за одбрана, како што знаете, веќе долго време ги поддржува напорите за заштита на границите на нашата земја. Ова вклучува: тековни мисии контра-наркотици, изградба на инфраструктура, постојана операција за надзор и воздушна поддршка низ западната хемисфера“.

Претседателот Трамп неколку часови претходно најави „силна акција“ во врска со имиграцијата, ден откако изјави дека сака да ја искористи војската за зацврстување на границата со Мексико додека не биде изграден ѕидот што тој го најави за време на претседателската кампања.

Трамп е незадоволен од одбивањето на Конгресот да ја финансира изградбата на ѕидот низ целата граница.

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нето во врска со испраќањето американски војници на границата изјави дека очекува објаснување од од Вашингтон.

„Се уште тоа не се случило и не би требало да се случи, со оглед на појаснувањето што го побара мексиканската влада од американските власти во врска со нивната позиција“.

Во последниве денови, Трамп оперира против со таканаречен „караван“ на мигранти од Централна Америка, кои патуваат од границата на Мексико со Гватемала кон САД.

Националната гарда, дел од резервните сили на американската војска, во последните години се користи за надзор и разузнавање на границата, но не и за спроведување на законот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG