Достапни линкови

Ново американско оружје за мир во Украина


Напредно американско оружје за траен мир во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00

Напредно американско оружје за траен мир во Украина

Американскиот сенатор, републиканецот Роб Портман за Радио Слободна Европа изјави дека новото напредното американско оружје ќе и помогне на Украина подобро да се брани од руската агресија во скоро петгодишниот конфликт.

Американскиот сенатор Роб Портман изјави дека смртоносното дефанзивно оружје, кое Соединетите држави наскоро ќе и го испорачаат на Украина, ќе и помогне на таа земја да одврати каква било идна агресија од страна на сепаратистите поддржани од Русија.

„Мислам дека тоа е вистинската работа за САД, за другите, што се однесува до Украина, да им се дозволи да купат оружје за да можат да се бранат, вклучувајќи го и новото оружје кое сега се испорачува“.

Стејт департментот ја одобри продажбата на американски антитенковски ракети за Украина во вредност од 47 милиони долари.

Според Портман, кој е член на влијателниот сенатски Комитет за надворешни односи, новото оружје наречено „Џавелинс“ исто така би требало да доведе до траен мировен договор во Украина, вклучувајќи и исполнување на спогодбата од Минск која има за цел запирање на борбите во кои од 2014 година досега загинаа над 10 илјади луѓе.

Спогодбата од Минск е договорена меѓу Украина, Русија, Германија и Франција.

„Сакаме да видиме мир во регионот. Украинците не се обидуваат да бидат во офанзива, туку само се обидуваат да го одбранат сопствениот интегритет“.

Испораката на новото оружје е дел од новите мерки на администрацијата на Доналд Трамп за поцврст приод во односите со Русија.

И покрај постојаните повици на Трамп за подобри врски, неговата администрација продолжи да го засилува притисокот врз Русија, користејќи санкции и други алатки за казнување на Москва за своите акции во Украина, Сирија и сајбер-просторот.

Украина со години бара да купи противтенковско оружје од Соединетите држави.

Претходникот на Трамп, Барак Обама се противеше стравувајќи дека тоа ќе ја антагонизира Русија и ќе го интензивира конфликтот.

Некои официјални претставници на САД пак изразија страхување дека оружјето би можело да падне во рацете на сепаратистичките борци или да биде продадено на црниот пазар.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG