Достапни линкови

Трамп: руското мешање не влијаело врз претседателските избори


Трамп: имало руско мешање во изборите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Трамп: имало руско мешање во изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имало мешање од Русија и, веројатно, од други земји на изборите во 2016 година. Во исто време директорот на американското национално разузнавање Ден Коутс изјави дека Москва планира да се меша и во претојните избори за Конгресот, но оти не е јасно кога и како.

Претседателот Трамп на заедничката прес-конференција во Белата куќа со шведскиот премиер Стефан Лофвен оцени дека сепак таквото мешање не влијаело врз гласањето.

„Па, Русите немаа никакво влијание врз нашите гласови, но сигурно имаше мешање и веројатно имало мешање од други земји, а можеби и други поединци“.

Трамп додаде дека Соединетите држави би одговориле на секој обид за мешање на изборите за Конгресот во ноември годинава.

„Ние ќе се спротивставиме на она што го прават, ние ќе се спротивставиме на тоа многу силно. Ние имаме низа системи за поддршка“.

Дека Вашингтон се подготвува на евентуално мешање во изборите потврди и директорот на американското национално разузнавање Ден Коутс во сведочење во Комитетот за вооружени служби на Сенатот, каде што претходно и неколку други американски официјални претставници го изразија истото страхување.

„Ние засега не сме виделе докази за силен напор од страна на Русија, но знаеме дека нивните малигни активности продолжуваат да постојат“.

Затоа, според него, може да се очекува таква активност од Москва.

„Многу е веројатно дека тие ќе прават нешто. Ние едноставно не знаеме колку и кога и каде“.

Тој притоа најави дека во рок од една недела Соединетите држави ќе воведат нови санкции врз Русија поради наводното мешање на Москва во претседателските избори.

Коутс прецизира дека санкциите ќе бидат насочени кон некои од 13-темина Руси обвинети од американскиот специјален советник Роберт Милер, за спроведување операција за нарушување на изборите во 2016 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG