Достапни линкови

Олимпијада со поглед кон Северна Кореја


Олимпијадата во Пјонгчанг под знакот на Северна Кореја
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Олимпијадата во Пјонгчанг под знакот на Северна Кореја

Учеството на Северна Кореја на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг донесе пауза во севернокорејските нуклеарни и ракетни тестови. За земјата домаќин Јужна Кореја ваквиот мирен развој е потврда на нејзиниот ангажман за мирно решавање на нуклеарната криза на Корејскиот полуостров. Но, САД остануваат скептични на севернокорејската шармантна офанзива на која гледаат како обид за поткопување на меѓународната поддршка за тешките економски санкции. Од Сеул информира Брајан Паден.

На Зимската Олимпијада во Пјонгчанг Северна и Јужна Кореја ќе маршираат заедно под специјално унифицирано знаме за време на церемонијата за отворање.

Тие, исто така, ќе се натпреваруваат со обединет тим во женски хокеј.

Целиот женски севернокорејски навивачки тим познат како „Армија на убавици“ ќе ги поддржува спортистите од двете земји.

И севернокорејскиот оркестарот Самџион и други уметници ќе настапат во Пјонгчанг и во Сеул.

За јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин оваа меѓу-корејска олимписка соработка е дел од една поширока дипломатска иницијатива за мирно решавање на проблемот со севернокорејската нуклеарна програма.

„Ние мора да ја водиме Северна Кореја во дијалог за денуклеаризација и подобри меѓу-корејските односи“.

Меѓутоа, во Јужна Кореја се зголемува противењето на ангажманот на Мун на кој конзервативците гледаат како на еднострана отстапка на репресивниот север.

САД, исто така, ја гледаат олимписката соработка како обид на Северна Кореја да го подобри својот загрозен имиџ и да ја ослаби меѓународната поддршка на тешките меѓународни санкции.

Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли вели:

„Мислам дека ова е одвлекување на вниманието. Мислам дека ова е она што Северна Кореја секогаш го правеше. Кога работите се загреваат, почнуваат да разговараат“.

Американскиот претседател Доналд Трамп се заложи за политика на „максимален притисок“, со построги економски санкции и можно воено дејствување, за да го спречи Пјонгјанг да развива нуклеарни проектили со голем дострел, кои можат стигнат до американското копно.

Но, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не сака ни да зборува за прекин на нуклеарната програма на неговата земја.

За да го истакне својот пркосен став, Северна Кореја одржува масовна воена парада пред церемонијата на отворање на Олимпијадата.

Претседателот Трамп неодамна беше запрашан за изгледите за мир по Олимпијадата.

„Ќе видиме како ќе оди, но мислиме дека Олимпијадата ќе оди многу убаво, а после тоа, кој знае? Ќе дознаеме. Ќе дознаеме многу брзо“.

САД и Јужна Кореја ги прекинаа заедничките воени вежби за Олимпијадата, но посочија дека ќе ги продолжат по игрите, и покрај барањата на Северна Кореја, за натамошно суспендирање на вежбите со цел поддршка на подобрувањето на меѓу-корејските односи.

Во Вашингтон пак, зачестија зборувањата за предупредувачки воен удар како одговор на следната провокација во Северна Кореја, и покрај ризикот тоа да предизвика воен конфликт во регионот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG