Достапни линкови

Македонија и светот ја дочекаа Новата 2018 година

Стотици милиони луѓе во светот, на плоштадите во своите градови, во туристичките центри или во семејна атмосфера и посакаа добредојде на Новата 2018 година. Во Скопје скромна прослава, а светските метрополи со спектакуларни огномети и шоуа

Стотици милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ја пречекаа Новата 2018 година.

Во Скопје новогодишна прослава под мотото „Нова Година-нови насмевки“се одржа на сквер „Јадран“ во организација на општина Центар. Прославата беше со хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за 16-годишно момче кому му е потребна итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија.

Релативно мирна ноќ за дежурните лекари во Скопје

На клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза во текот на новогодишната ноќ биле примени 27 пациенти, од кои најмладиот имал 16, а најстариот 48 години. Според првичните резултати од токсиколошката лабораторија на Клиниката, пациентите немале над два промили аклохол во крвта.

Првпат по подолго време на Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ немало лица помлади од 15 години, изјави директорот Нико Беќаровски.

Лекарите од ургентниот центар во болницата „8 Септември“ интервенирале кај 38 лица, од кои 4 со поблаги форми на повреда поради тепачки.Четири лица биле повредени од изгореници на рацете со петарди. На хирургија било интервенирано и на две лица со површни рани на вратот од огнено оружје од залутани куршуми.

На Клиниката за хируршки болести во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 65, од кои пет се хоспитализирани, а врз 4 се извршени операциски зафати.

Светот и посака добредојде на Новата година

МЕГА ФОТОГАЛЕРИЈА - Светот ја пречека Новата 2018 година

Среќна Нова година - Скопје
1/28 Среќна Нова година - Скопје
Дечиња со прскалки на дочекот на Новата година во Скопје
2/28 Дечиња со прскалки на дочекот на Новата година во Скопје
Дочек на Новата година во Скопје
3/28 Дочек на Новата година во Скопје
Дочек на Новата година во Скопје
4/28 Дочек на Новата година во Скопје
Дочек на Новата година во Скопје, Општина Центар
5/28 Дочек на Новата година во Скопје, Општина Центар
Новогодишниот огномет над Опера Хаус во Сиднеј, Австралија
6/28 Новогодишниот огномет над Опера Хаус во Сиднеј, Австралија
Голем дел од Кинезите кои ја дочекаа Новата година кај Јонгдингмен портата во Пекиг, Кина, носеа традиционални маски во склад со кинеското традиционално обележување на Новата година
7/28 Голем дел од Кинезите кои ја дочекаа Новата година кај Јонгдингмен портата во Пекиг, Кина, носеа традиционални маски во склад со кинеското традиционално обележување на Новата година
Дочек на Новата година во Сингапур
8/28 Дочек на Новата година во Сингапур
Огномет на полноќ и во Џакарта, Индонезија
9/28 Огномет на полноќ и во Џакарта, Индонезија
Хонг Конг, според светските новински агенции, годинава го имал еден од најспектакуларните новогодишни огномети
10/28 Хонг Конг, според светските новински агенции, годинава го имал еден од најспектакуларните новогодишни огномети
Дочек на Новата година во Бејрут, Либан
11/28 Дочек на Новата година во Бејрут, Либан
Огномет над Бејрут, Либан
12/28 Огномет над Бејрут, Либан
Спектакуларен огномет и во белгиската престолнина Брисел
13/28 Спектакуларен огномет и во белгиската престолнина Брисел
Небото над Виена во моментот на пристигнувањето на 2018-та
14/28 Небото над Виена во моментот на пристигнувањето на 2018-та
Огномет во Пјонгјанг, Северна Кореја
15/28 Огномет во Пјонгјанг, Северна Кореја
Небото над Брандербуршката капија во Берлин
16/28 Небото над Брандербуршката капија во Берлин
Огномет во Франкфурт, Германија
17/28 Огномет во Франкфурт, Германија
Дочек на Новата година во германскиот град Франфурт
18/28 Дочек на Новата година во германскиот град Франфурт
Еден од најспектакуларните огномети годинава беше над Парис
19/28 Еден од најспектакуларните огномети годинава беше над Парис
Илјадници Парижани ја дочекаа Новата година на Елисејската авенија
20/28 Илјадници Парижани ја дочекаа Новата година на Елисејската авенија
Огномет на лондонскиот Биг Бен
21/28 Огномет на лондонскиот Биг Бен
Дочек на Новата година во Киев, Украина
22/28 Дочек на Новата година во Киев, Украина
Дочек на Новата година во Најроби, Кенија
23/28 Дочек на Новата година во Најроби, Кенија
Новогодишниот огномет над Москва, Русија
24/28 Новогодишниот огномет над Москва, Русија
Групата Шугарленд беа меѓу ѕвездите кои ги забавуваа њујорчани на дочекот на Новата година
25/28 Групата Шугарленд беа меѓу ѕвездите кои ги забавуваа њујорчани на дочекот на Новата година
Зелен новогодишен огномет на Партенон над Атина, Грција
26/28 Зелен новогодишен огномет на Партенон над Атина, Грција
Новогодишната прослава во Валета, Малта
27/28 Новогодишната прослава во Валета, Малта
Огномет на небото над Рејкјавик, Исланд
28/28 Огномет на небото над Рејкјавик, Исланд
Previous slide
Next slide

Жителите и туристите во Њујорк, Новата година ја дочекаа на плоштадот Тајм Сквер на минус дванаесет степени и со традиционалното спуштање на кристалната кугла, конфети и величествен огномет. Безбедносните мерки беа засилени, а гаражите во околината на Тајм сквер затворени. Мерките за обезбедување, градот го чинеа 7,5 милиони долари.

Со спектакуларен огномет Новата беше дочекана во Лондон и Единбург, јавува БиБиСи. Огнометите ги следеа повеќе од 100 000 луѓе, а посетителите на полоштадите ги забавуваа Арета Френклин, Аријана Гранде и Флоренс Велч. Испукани биле 10 000 патрони огномет, а шоуто траеше 12 минути.

Во Париз десетици илјади граѓани и туристи ја дочекаа Новата година на булеварот Шанзелизе.Околу 100 000 полицајци и 40 000 припадници на обезбедување беа распоредени ширум државата, поради страв од можни терористички напади кои минатата година ја погодија Франција.

Со голем огомент на Црвениот плоштад, Москва е првата европска престолнина која ја дочека Новата година. Заедно со Москва, Новата година меѓу првите ја дочекаа Анкара, Ереван, Тбилиси и Минск. Рускиот претседател Владимир Путин им порача на граѓаните да се сакаат, почитуваат, и да си ги простат грешките.

Највисоката зграда на светот Бурџ Калифа беше централна точка на прославата за Нова година во Дубаи. Но, властите на ОАЕ оваа година одлучија да нема толку спектакуларен огномет. Сепак, Дубаи отиде подалеку и направи спектакл со музика и визуелни ефекти што беше најголемо ласерско шоу со кое влегоа во Гинисовата книга на рекорди.

Во Јапонија голем број граѓани го прославија дочекот на Новата година во храм во Токио каде точно на полноќ по локално време ѕвонеа големи ѕвона точно 108 пати.

На Филипините пред полноќ имаше неколку повредени луѓе од огномет. Во таа држава се верува дека гласното одбележување на Новата година одбива несреќи и лоши духови, но се оди во крајност поради користењето огнено оружје на дочекот без страв дека ќе бидат уапсени.

Новата 2018 година најпрво пристигна во тихоокеанските острови Самоа, Тонга и на Божиќниот Остров/Кирибати. Веднаш потоа и во Австралија и Нов Зеланд каде граѓаните на улици и плажи ја дочекаа Новата година.

XS
SM
MD
LG