Достапни линкови

Ирачки христијани на прв Божиќ дома по Исламската држава


Прв Божиќ дома по Исламската држава
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Прв Божиќ дома по Исламската држава

Во новоотворената Црква Свети Ѓорѓи во ирачкиот град Телескоф, христијаните ги прославија своите божиќни традиции за првпат по три години. Овој град беше под милитантите на Исламската држава кои насилно ја раселија тамошната христијанска заедница.

Соочени со изборот да ја сменат верата, да платат данок или да умрат, повеќето христијани избраа да побегнат.

Тие се засолнија во околните градови, а многумина побараа постојан азил во странство.

Годинава тие почнаа да се враќаат, а во неделата повторно го прославија Божиќ во главната црква во градот.

Стотици верници се помолија и добија причест од отец Салар Бодах, кој подоцна го запали традиционалниот оган во дворот на црквата.

Раник Кирјакос вели:

„За прв пат прославуваме и одржуваме миса во црква по тригодишно раселување и угнетување“, вели тој.

Ристам Шамун додава:

„Се надевавме дека сите луѓе од Телескоф ќе бидат со нас, но, за жал, околу 50 насто од населението на Телескоф не беа тука, нашите роднини и пријатели. Ние сакаме тие да бидат со нас“, вели тој.

И покрај очигледната радост што повторно можат отворено да прославуваат тоа беше горчлив Божиќ за повеќето во овој своевиден епицентар на древните христијански заедници во Ирак, чија историја се протега повеќе од два милениума.

Иако Ирак пред две недели прогласи целосна победа над милитантите по бруталната тригодишна војна, штетата направена во христијанските енклави е голема, и многумина се прашуваат дали би можеле да ја преживеаат поновата историја.

Исламската држава ги опустоши христијанските подрачја, гранатираше и палеше домови и цркви, а ги одземаше сите вредни артефакти.

Повеќето семејства ќе бараат десетици илјади долари за да ги поправат своите домови.

Многумина велат дека материјалната штета може да се поправи, но не и да заздрават болките од присилните поделби на нивните семејства.

Во услови на тековните тензии помеѓу централната власт во Багдад и ирачките Курди по референдумот за курдската независност, жителите на Телескоф повторно се плашат за нивната судбина во градот кој се наоѓа на 30 километри северно од Мосул и во кој живее една од најстарите христијански заедници во светот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG