Достапни линкови

Уште едно масовно убиство во САД


Трамп: нападот во Тексас чин на злото
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Трамп: нападот во Тексас чин на злото

Верници од 5 до 72 години се меѓу убиените и повредените кога вооружен напаѓач отвори оган во една мала градска црква во близина на Сан Антонио, Тексас.

Малото градче Сатерленд Спрингс, во близина на Сан Антонио во сојузната држава Тексас е местото на уште едно масовно убиство во Соединетите Држави.

Членови на Првата баптистичка црква беа на неделната богослужба, кога вооружен напаѓач влезе и отвори оган.

Притоа уби 26 лица, а рани дваесетина други.

Според официјални претставници, најмладата жртва имала само пет, а најстарата 72 години.

Меѓу нив и 14-годишната ќерка на пастирот на црквата.

Еден од сведоците на масакрот изјави:

„Сè уште бев внатре. Чекав сè додека не дознав дека е средено за да почнам да им помагам на луѓето, бидејќи не знаевме дали станува збор за еден човек или ги има повеќе“, рече тој.

Претседателот Доналд Трамп, кој е на турнеја низ Азија, изјави:

„Овој ужасен чин на зло се случи кога жртвите и нивните семејства биле на нивното место на света молитва. Не можеме да ги искажеме болката и тагата што сите ги чувствуваме и не можеме да почнеме да ги замислуваме страдањата на оние што ги изгубиле саканите“, рече тој.

Гувернерот на Тексас Грег Абот исто така оцени дека тоа било „чин на злото“ и ги повика сите Тексашани да се молат за малата заедница.

„Како држава се справуваме со најголемото масовно стрелање во историјата на нашата држава. Има толку многу семејства што изгубија нивни членови: татковци, мајки, синови и ќерки“, рече Абот.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил пронајден мртов во соседна област.

Тие го опишаа само како бел маж меѓу 20 и 30 години.

Меѓутоа, локалните медиуми го идентификуваат како Девин Кели, воен ветеран од блискиот град.

Тие додаваат дека бил вооружен со нешто што личи на автоматска пушка.

До ова дојде по најголемото масовно убивање во историјата на Соединетите Држави.

Тогаш еден човек со автоматски пушки уби 58 луѓе на музички фестивал во Лас Вегас, по што се интензивира дебатата околу законите за носење и контрола на оружјето во Соединетите Држави.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG