Достапни линкови

Храбри жени во борба против ИД во Сирија


Женски одред во борба против милитантите на ИД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Женски одред во борба против милитантите на ИД

Еден женски одред на курдските сили е исто така храбар и способен како машките војници во нападите против екстремистите на Исламската држава. Некои од нив велат дека главна цел им е да ги ослободат жените Језиди кои се наоѓаат во рацете на милитантите во Сирија.

Дваесет годишната Хелдане е членка на женските Синџар сили и е горда што може добро да ја користи нејзината снајперска пушка.

Таа им се придружи на овие единици пред три години со поддршка на нејзиното семејство.

Хелдане вели дека сака да ги ослободи Језиди жените кои страдаат во рацете на екстремистите.

„Имаше толку многу масакри врз жени и деца кога екстремистите не нападнаа пред три години“.

Језидите живеат на северот на Ирак и се етничка курдска верска заедница, односно етничка верска група која потекнува од Месопотамија.

Според Обединетите нации, над седум илјади жени од оваа група биле продадени на пазарите за робови.

Околу пет илјади Језиди мажи пак, биле убиени откако екстремистите ја опколија нивната територија во август 2014 година.

Дваесет годишната Фелек е од Германија.

Таа наместо да ужива во нејзиниот мирен живот таму пред две години дојде за да се бори против милитантите.

„Никој не дојде да ни помогне. Го гледате масакрот, гледате дека вашата мајка и деца се убиени. Не можете само да гледате како умираат и да не правите ништо“.

Со цел да ги спасат нивните сонароднички, членките на Синџар единиците во јуни годинава дојдоа во сирискиот град Рака.

Тие храбро се борат за да ги ослободат илјадниците луѓе заробени таму.

И покрај тоа што половина од Рака е повторно освоен од владините сили, во градот се уште има стотици Језиди жени и деца кои чекаат да бидат ослободени.

„Всушност не ни се допаѓа крвопролевање. Но, мислата за тие деца и мајки секој пат не инспирира да се бориме“, вели Фелек.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG