Достапни линкови

САД имаат нова стратегија за Авганистан


Трамп ќе ја претстави новата стратегија за Авганистан
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Трамп ќе ја претстави новата стратегија за Авганистан

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја обелодени долгоочекуваната американска стратегија за војната во Авганистан. Тоа ќе биде преку телевизиско обраќање од воената база Форт Мајер, југозападно од Вашингтон.

Тоа ќе биде прво телевизиско обраќање на Трамп од говорот во Конгресот во февруари годинава што е дел од годишната традиција на американските претседатели.

Трамп кој го заврши работниот одмор во неговиот голф клуб во Њу Џерси ја донесол одлуката за Авганистан по долги разговори со неговите соработници за воени и безбедносни прашања во Кемп Дејвид.

Трамп веднаш по преземањето на функцијата во јануари годинава изрази замореност од 16 годишната војна во Авганистан која беше покрената од тогашниот претседател Џорџ Буш по терористичките напади на 11 септември 2001 година врз Соединетите Држави.

„Ние не победуваме“, изјави Трамп минатиот месец, при што го изрази сомневањето дали армискиот генерал Џон Николсон кој е командант на американските сили во Авганистан, треба да остане на таа функција.

Секретарот за одбрана Џим Матис кој замина во посета на Јордан по состанокот во Кемп Дејвид изјави:

„Многу сум задоволен што стратешкиот процес беше доволно ригорозен и не влезе во однапред поставени услови“, рече тој.

Матис деновиве изјави дела американското присуство е неопходно како одбрана од исламските милитанти.

Авганистанските сили тешко се справуваат против талибанските бунтовници.

Пентагон е загрижен дека победата на талибанците ќе им овозможи на милитантите на Ал Каеда и на Исламската држава да воспостават бази за напади врз Соединетите Држави и нивните сојузници.

Според некои наводи, Трамп се согласил на умерено зголемување на американските сили.

Пентагон пред извесно време разгледуваше план за испраќање дополнителни околу 3.800 војници како засилување на авганистанската војска во борбата против талибанците.

Во Авганистан сега има околу 8.400 американски војници кои им даваат поддршка на локалните власти во борбата против бунтовниците по повлекувањето на меѓународните сили кон крајот на 2014 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG