Достапни линкови

Конгресот на САД скоро едногласно за нови санкции врз Русија


Сенатот ги усвои новите санкции врз Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Сенатот ги усвои новите санкции врз Русија

Американскиот Сенат скоро едногласно гласаше за законот за дополнителни санкции врз Русија и покрај противењето на Белата куќа. Законот е испратен на потпис или на вето од страна на претседателот Доналд Трамп. Русија најави дека соодветно ќе одговори на евентуалните нови санкции.

За законот гласаа 98 сенатори, додека двајца беа против и со него, освен врз Русија, се воведуваат построги санкции и врз Иран и Северна Кореја.

Овој закон е прв поголем што се однесува на американската надворешна политика одобрен од Конгресот, откако Трамп ја презеде функцијата.

Претходно, овој закон со кој Русија се казнува за наводното мешање во американските избори лани и за нејзината улога во конфликтите во Украина и Сирија беше усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот.

Републиканскиот сенатор Џон Мекејн пред гласањето за законот изјави:

„Мои пријатели, Соединетите држави треба да испратат силна порака до Владимир Путин и секој друг агресор дека ние нема да толерираме напади врз нашата демократија“.

Иста беше и оценката и на лидерот на опозициските демократи сенаторот Чак Шумер:

„Секој натамошен обид за деградација на нашата демократија ќе се сретне со понатамошни санкции и акција. Ние нема да стоиме настрана. Не постои посвет процес во демократијата, од гаранцијата за слободни и фер избори“.

Во врска со гласањето за новите санкции врз Москва, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе одговори на, како што рече, „дрскоста“ на Соединетите држави.

„Се однесуваме многу резервирано, стрпливо, но во одреден момент треба да одговориме, бидејќи е невозможно неограничено да се толерира дрскоста спрема нашата земја“, изјави тој на заедничката прес конференција со финскиот колега Саули Нинистом.

Според Путин, истрагата во Соединетите држави за наводното мешање на Русија во претседателските избори ја покажува растечката „антируска хистерија“ во таа земја.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG