Достапни линкови

Мнозинство на социјалистите во парламентот на Албанија


Социјалистите на Рама водат на изборите во Албанија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Социјалистите на Рама водат на изборите во Албанија

Првичните резултати од изборите во Албанија покажуваат дека Социјалистите на премиерот Еди Рама ќе добијат од 45 до 49 отсто од гласовите, доволно за над 71 место во парламентот од 140 пратенички места. Умерено десната Демократска партија на Љуљзим Баша ќе добие 30 отсто од гласовите.

Доколку ова се се потврди и по официјалното пребројување на гласовите, тогаш 52-годишниот проевропски лидер на социјалистите Еди Рама ќе има можност да владее во земјата без да има потреба да коалицира со друга партија.

Предизборните анкети покажуваа дека социјалистите ќе победат на изборите, но постоеше мислење дека нема да имаат доволно гласови за да владеат сами.

Огромното мнозинство исто така му дава можност на Рама да не го вклучи во владата сегашниот коалициски партнер Социјалистичкото движење за интеграција кое доби 19 отсто од гласовите.

Рама е во судир со поранешниот лидер на оваа партија Илир Мета, кој сега е претседател на Албанија, избран во парламентот.

Иако изборите главно беа без проблеми, одѕивот на гласачите беше околу 45 отсто, рекордно низок за парламентарни избори во Албанија.

Поради ниската излезност, за што некои ги посочуваат жешкото време и крајот на Рамазан, Изборната комисија го продолжи гласањето за еден час.

Демократите се закануваа дека ќе ги бојкотираат изборите, барајќи од Рама да си поднесе оставка за да се обезбеди фер изборен процес.

Во мај со помош на САД и ЕУ и беше овозможено на опозицијата поголема контрола на изборите.

На овие избори се гледаше како на клучни во врска со идните односи на таа земја со Европската унија.

Рама, кој изрази загриженост за руското влијание во земјата, вети дека ќе ги заврши преговорите за членство во Европската унија до крајот на годинава.

Албанија доби кандидатски статус во 2014 година, но процесот забави поради недоволни реформи и големата корупција во земјата.

Неговиот ривал, 43-годишниот Баша пак за тоа го обвини токму Рама наведувајќи дека проблемите во земјата ги прикрива со „фасади и палми“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG