Достапни линкови

Вооружен напад врз републикански политичари во Вирџинија


По нападот врз републикански политичари кои играле безбол бо Вирџинија.

Во нападот е повреден американскиот конгресмен Стив Скејлис и уште неколку луѓе, меѓу кои и функционери. Осомничениот е во притвор.

Вооружен напаѓач пукал со огнено оружје кон група американски републикански политичари, кои играле безбол во близина на Вашингтон. При нападот повреден е американскиот конгресмен Стив Скејлис, двајца полицајци и еден вработен во кабинетот на конгресменот од Тексас Роџер Вилијамс. Полицијата соопшти дека напаѓачот е застрелан и убиен. Станува збор за 66-годишниот Џејмс Т. Хоџкинсон.

Американскиот пратеник Мо Брукс за Си-Ен-Ен изјави дека напаѓачот испукал неколку куршуми на безбол теренот во Александрија, во државата Вирџинија.

Конгресменот Скејлис од Луизијана е шеф на мнозинството во Претставничкиот дом.

Од Кабинетот на Скејлис соопштија дека конгресменот излегол од операција и е во стабилна состојба, а стабилни се и двајцата полицајци.

„Ќе имаше многу жртви доколку не реагираа двајцата полицајци и го соборија напаѓачот и покрај тоа што имаа прострелни рани во овој многу, многу брутален напад“, рече претседателот Доналд Трамп, пренесува Белата куќа.

Околу 20 републикански политичари играле безбол во време на нападот.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG