Достапни линкови

Мекејн: Путин е најголемата закана за светот


Мекејн вели дека Путин е поголема закана од ИД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00

Мекејн вели дека Путин е поголема закана од ИД

Американскиот сенатор Џон Мекејн изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е поголема закана за безбедноста во светот од милитантите на Исламската држава. Тој најави дека Сенатот би требало да ги прошири санкциите врз Москва.

Во интервју за австралиската телевизија, Мекејн оцени дека претседателот Путин бил најголема закана за демократијата во светот.

„Мислам дека тој е главна и најважна закана, повеќе од ИД. Мислам дека ИД може да направи страшни работи и загрижен сум многу за она што се случува со муслиманската вера и за сите работи во врска со тоа. Но, Русите се тие кои се обидуваат да го уништат најосновното во демократијата, а тоа менување на исходот од американските избори“, вели тој.

Сенаторот Мекејн додаде дека Сенатот би требало да донесе санкции врз Москва.

Мекејн смета дека иако се уште нема докази оти Русија успеала да го смени резултатот на изборите во САД, Кремљ се уште се обидувал да влијае врз изборите и во други земји, како например Франција.

Тоа, пак, како што изјави Владимир Путин на прес-конференцијата во Версај со неговиот домаќин, францускиот претседател Емануел Макрон, воопшто не било тема на нивните разговори.

„Што се однесува на имагинарниот упад на Русија во избори насекаде, ние не разговаравме за ова и господин претседателот не покажа никаков интерес да зборува за тоа. Што се однесува до мене, мислам дека нема за што да се зборува“, рече тој.

Путин и Макрон ја посетија изложбата во Версај посветена на триста годишнината од посетата на рускиот цар Петар Велики на Париз.

Тие претходно разговараа за повеќе теми меѓу кои за Сирија и Украина, како и за човековите права и медиумите во Русија.

Путин оваа изложба требаше да ја отвори во октомври лани, но посетата беше откажана по затегнувањето на односите меѓу Париз и Москва поради воената кампања на сириските власти помогнати од Русија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG