Достапни линкови

Најголеми антикорупциски протести во Русија


Стотици приведени на протестите во Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Стотици приведени на простетите во Русија

Полицијата во Москва приведе стотици демонстранти откако илјадници од нив излегоа на улиците на градот да демонстрираат против корупцијата во земјата. На протестите кои се одржаа не само во Москва, беше побарано оставка на премиерот Дмитри Медведев.

Станува збор за најголемите протести во Русија од бранот демонстрации против Кремљ во 2011 и 2012 година.

До нив исто така доаѓа на една година пред претседателските избори на кои се очекува да учествува и Владимир Путин за да го добие четвртиот мандат како шеф на државата.

Анкетите покажуваат дека либералната опозиција која е претставена од антикорупцискиот активист и опозициски лидер Алексеј Навални, има малку шанси да биде сериозен кандидат против Путин кој ужива висок рејтинг во Русија.

Но, Навални и неговите поддржувачи се надеваат, преку канализирање на растечкото незадоволство од корупцијата на власта, да привлечат поголемо внимание кај граѓаните.

Тоа го сметаат и демонстрантите како Људмила:

„Еден човек не може да стори ништо, но голем број, тие можат барем да покажат дека не може да се живее како досега. Но, се плашам дека тоа не е доволно“, вели таа.

Кремљ не ги дозволи протестите во неделата во Москва, оценувајќи дека тие претставуваат незаконска провокација.

Григориј Охоткин, еден од основачите на ОВД инфо, организација за човекови права која ги следи апсењата, изјави дека во неделата само во Москва биле приведени околу 600 луѓе.

Полицијата соопшти дека на демонстрациите се собрале околу 8 илјади луѓе и оти за време на акцијата привела 500 лица.

Навални ги организира протестите откако објави обвинувања дека Медведев, сегашен премиер и поранешен претседател на Русија, натрупал огромно богатство што не може да го има со неговата функционерска плата.

Владимир, еден од учесниците на протест вели:

„Ако тој е виновен за овие лаги оваа корупција, се што стои во рамките на Уставот, тогаш секако тој мора да биде казнет: Како? Секако тоа е на судот. Но, бидејќи нашите високи судови денес се цел на оваа корупција, овој случај нема да биде истражен“, вели тој.

Од кабинетот на Медведев ваквите наводи ги оценија како „пропагандистички напади“ кои не заслужуваат натамошен коментар.

Навални беше приведен од полицијата откако се појави на протестите заедно со неговите поддржувачи.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG