Достапни линкови

САД се за стратегиско партнерство со ЕУ


Пенс: САД се против менувањето на границите во Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Пенс: САД се против менувањето на границите во Европа

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, на средбите со претставниците на ЕУ и НАТО во Брисел, се заложи за обединета Европа и го подржа територијалниот интегритет и суверенитет на сите држави во регионот.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, денеска во Брисел, им порача на официјалните претставници на Европската Унија дека новата администрација на САД има намера да ги продлабочи односите со Унијата. Пенс, на средбата со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, изразил задоволство од можноста да разговара за начините на подобрување на меѓусебната соработка.

Пенс денеска се состана и со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. По средбата, Туск изјави дека Унијата смета на целосната подршка од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, на идејата за обединета Европа.

„Светот ќе биде многу полош доколку Европа не е обединета, а американците најдобро знаат што значи да се биде обединет“, рече Туск, додавајки дека поделбите значат пропаст.

„Нашата безбедност е базирана врз НАТО и поблиската транс-атланска соработка. Мора да разботиме заедно, за да ги модернизираме формите на таа соработка“.

Потпретседателот Мајк Пенс, во Брисел им потврди на европските лидери дека САД ќе се спротистават на руските напори за насилно редефинирање на меѓународните граници и оти ја подржуваат иницијативата на НАТО за засилување на присуството во Полска и во Балтичките земји.

„Ние мора да застанеме цврсто во одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите во Европа“, изјави Пенс.

„САД ќе продолжат да бараат одговорност од Русија, а според насоките на претседателот Трамп, ние исто така ќе бараме, на нов начин, заедничка основа со Русија, која, претседателот Трамп, верува дека може да се најде“.

Во врска со Украина, Пенс рече дека Соединетите Држави бараат од Русија да го почитува договорот од Минск и да ги прекинат насилствата во источна Украина.

Пенс во Брисел оствари средби и со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, како и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Повторена е заложбата за силна и обединета Европа.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG