Достапни линкови

Соработката САД - Европа во фокусот на Минхенската конференција


Американскиот потпреседател Мајк Пенс и германската канцеларка Ангела Меркел по средбата на Минхенската безбедносна конференција

Фокус на годинешната позната безбедносна конференција во Минхен се стравувањата дека Трамп може да ги изгуби американските врски со Европа, да ја повлече поддршката на САД за НАТО и да ги жртвува интересите на земјите од Украина до западна Европа во име на нов почеток со Русија.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс на европските лидери им кажа дека Соединетите држави “се и секогаш ќе бидат нивниот најголем сојузник” смирувајќи ја загриженоста за посветеноста на Вашингтон на трансатлантските врски под претседателство на Доналд Трамп. Зборувајќи денеска на безбедносната конференција што се одржува во Минхен, Пенс рече дека “трајната врска” меѓу САД и Европа е изградена не само врз “силата на оружјето” туку врз заеднички вредности и принципи како слободата, демократијата, правдата и владеењето на правото.

Тој рече дека носи порака од Трамп пренесувајќи дека САД силно го поддржуваат НАТО и ќе бидат безрезервни во поддршката за алијансата. Истовремено Пенс ги повтори повиците на Трамп упатени до европските сојузници да го преземат својот удел во финанскиот товар, нагласувајќи дека само пет земји членки на НАТО ја достигнаа целта да трошат два отсто од бруто домашниот прозвод на одбрана.

Фокус на годинешната позната безбедносна конференција во Минхен се стравувањата дека Трамп може да ги изгуби американските врски со Европа, да ја повлече поддршката на САД за НАТО и да ги жртвува интересите на земјите од Украина до западна Европа во име нанов почеток со Русија.

Таквите загрижувања беа поттикнати од коментарите на Трамп кој минатата година изрази ентузијазам за излегувањето на Британија од Европската Унија, го нарече НАТО “застарен”, изрази восхитување за рускиот претседател Владимир Путин и сугерираше дека можеби ќе отстапи од санкциите кон Москва воспоставени поради нејзините акции во Украина.

“Треба да го знаете ова:САД ќе продолжи да ја смета Русија за одговорна, иако бараме нови заеднички основи, за кои, како што знаете, претседателот Трамп верува дека може да се најдат ” рече Пенс.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во своето обраќањето ги отфрли обвинувањата од Киев и другите западни земји кон Русија за продолжување на војната во источна Украина. Лавров јаобвини Украина за неуспех во спроведувањето на обврските од договорот за прекин на огнот од Минск од 2015 година и сугерираше дека забелешките од западните земји за конфликтот го одразувале менталитетот од Студената војна кој се уште функционирал на западот.

Во краткото обраќање кое следуваше по говорот на Пенс, Лавров го повтори обвинувањето од Москва дека проширувањето на НАТО создава тензии во Европа. Но тој побара продолжување на воената соработка меѓу Русија и НАТО, наведувајќи дека политичките состаноци се бесмислени без тоа.

Лавров нагласи и дека Русија сака односи со САД кои се прагматични и се одбележани со заедничка почит и признание за споделената одговорност за глобалната стабилност. Според него сегашните лоши односи се неприродни и дека двете земји имаат голем потенцијал за соработка. Пенс, пак, не одеше во толку детали за перспективите и заедничката основа за соработка меѓу Вашингтон и Москва.

Тој се обрати на конференцијата веднаш по германската канцеларка Ангела Меркел. Таа рече дека западните држави мора да го заштитат принципот на територијалниот интегритет и дека НАТО треба да ги зацврсти своите источни крила по руското мешање во Украина. Меркел нагласи идека имало “голема вознемиреност” за ситуацијата во источна Украина. Таквите акции од Русија ја нагласуваат важноста на НАТО, додаде таа.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на лидерите присутни на конференцијата вчера им кажа дека не треба да ја “смируваат” Русија со тргнување на санкциите воспоставени од САД и ЕУ.

“Ќе биде грешка да се мисли дека руските апетити за Украина се ограничени” рече Порошенко.

Генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг,кој зборуваше по Пенс,нагласи дека сите сојузници треба да соработуваат во споделување на финансирањето на НАТО.

“Европа има потреба од Северна Америка и Америка има потреба од Европа”рече Столтенберг.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG