Достапни линкови

Романците бараат оставка на владата


Во Романија протести и по повлекувањето на спорната уредба
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Во Романија протести и по повлекувањето на спорната уредба

Околу 500 илјади луѓе се собраа и синоќа на протестите во Романија иако владата ја повлече спорната уредба за декриминализација на некои случаи на корупција. Повеќето од демонстрантите сега бараат оставка на социјалдемократската влада на премиерот Сорин Гриндеану.

Повлекувањето на одредбата која им дозволува на политичарите да избегнат судско гонење не го ублажи бесот на околу 250 илјади демонстранти собрани синоќа во Букурешт пред седиштето на владата и исто толку во другите градови на земјата.

Романската влада формално ја поништи одредбата за ублажување на антикорупциските мерки која ги поттикна неколку дневните најмасовни протести во земјата од падот на комунистичкиот режим на Николае Чаушеску во 1989 година.

Премиерот Гриндеану ја исклучи можноста да поденесе оставка, наведувајќи дека имал „одговорност спрема луѓето кои гласаа“ за неговата партија на изборите на 11 декември лани.

Критикуван што ја усвоил измената на кривичниот закон избегнувајќи го парламентот, тој вети дека итно ќе отвори јавна расправа со сите политички партии и со граѓанското општество.

Меѓутоа демонстрантите останаа сомнивачи.

„Во овој момент, јас не и верувам на мојата влада иако тие рекоа дека ќе се откажат и всушност го поништија овој закон. Тие рекоа дека ќе го предадат овој закон во парламентот, каде што има 100 пратеници, кои во моментов се испитуваат или им се суди за корупција, така што ова е јасно конфликт на интереси“.

„Владата ја повлече уредбата, но тие се многу лоши луѓе. Тие сакаат да промовираат корупција, да не одат во затвор“.

„Се надевам дека можеби владата ќе падне и тоа го сакам затоа што тие се нула во се“.

Неколку стотици провладини демонстранти се собраа и пред претседателската згарада во Букурешт против одлуката на претседателот Клаус Јоханис да им се придружи на анти владините демонстранти.

На повлекувањето на уредбата која, меѓу другото предвидуваше некои дела да бидат казнувани со затвор само ако била причинета штета над 44 илјади евра, може да се гледа како на победа на претседателот Јоханис кој покрена постапка за оценување на нејзината уставност.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG