Достапни линкови

Женски марш во Вашингтон

Маршеви на жените за човекови права се одржуваат во Вашингтон и во стотици градови ширум светот.


Женски марш во Вашингтон на 21 јануари 2017

Сумирано

Стотици илјади луѓе, а дел од организаторите велат дека имало и половина милион, излегоа на улиците на Вашингтон на првиот ден од претседателствувањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, како одговор на „навредите и демонизирањето“ на жените и другите маргинализирани групи за време на предизборната кампања.

Полицијата соопшти дека немало апсења, а насобраните веќе се разотидуваат.

Стотици слични настани се одржaа и во други градови во САД, но и ширум светот.

Со оставање на транспарентите пред хотелот Трамп во Вашингтон завршува денешниот женски марш.

Голема посетеност на Женскиот марш во Бостон.

Женскиот марш во Вашингтон е во близина на Белата куќа.

Полицијата во Вашингтон соопшти дека немало апсења на денешниот Женски марш во Вашингтон, пренесува Гардијан.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG