Достапни линкови

Израелскиот премиер Нетанјаху под истрага за корупција


Сослушуван израелскиот премиер Нетанјаху за корупција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Сослушуван израелскиот премиер Нетанјаху за корупција

Израелската полиција три часа го испитувала премиерот Бенјамин Нетанјаху, осомничен за примање „незаконски подароци“, се наведува во полициското соопштение во кое се додава дека во оваа фаза нема да се откриваат повеќе детали. Нетанјаху ја обвини опозицијата дека сака да го симне од власт без избори.

Министерството за правосудство потврди дека Нетанајху бил сослушуван во врска со примање подароци од бизнисмени.

Преку Фејсбук, премиерот Нетанјаху ги отфрли обвинувањата и ги обвини политичките противници и некои медиуми дека сакаат да го соборат од власт без избори.

Според законите во Израел, секој член на владата мора да поднесе оставка доколку против него биде подигнато обвинение за корупција.

Претходно Нетанјаху на собир на неговата партија рече:

„Почекајте со прославување, не брзајте. Реков и порано и пак ќе повторам: ќе нема ништо затоа што нема ништо. Ќе продолжите да пуштате балони во воздухот, а ние ќе продолжиме да ја водиме државата Израел“.

Членот на неговиот кабиент Захи Ханегби изјави дека Нетанјаху бил чесен човек и оти никогаш не би направил такво нешто.

„Бидејќи го знам премиерот 30 години, свесен сум за неговата личност и тотално сум уверен дека тој е чист од секакви обвувања“.

Според некои наводи во медиумите, израелски и странски бизнисмени му плаќале на примерот патувања во странство и му давале подароци.

IИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на седница на неговиот кабинет
IИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на седница на неговиот кабинет

67 годишниот Нетанјаху го тера неговиот четврти мандат и наскоро би требало да биде премиер кој најдолго бил на власт во Израел.

Тој и неговата сопруга Сара за ова време пребродија многу скандали. Меѓу нив и испитувања за злоупотреба на државни пари.

Нетанјаху не е првиот премиер што е ислушуван во врска со криминално дело.

Ехуд Олмерт кој беше премиер од 2006 до 2008 година во моментов отслужува казна затвор од 18 месеци затоа што примил мито.

Поранешниот премиер Ариел Шарон исто така беше испитуван за корупција, а неговиот син Омри се најде и во затвор.

Израелските медиуми потсетуваат дека и покрај тоа што Нетанјаху бил сослушуван и се води истрага против него, тоа не мора да значи дека тој ќе си поднесе оставка.

Многу пати претходно премиерите кои биле во слична ситуација биле на власт уште многу години.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG