Достапни линкови

ДИК досега не прифати ниеден приговор


Јавна седница на Државната изборна комисија (ДИК) на која се разгледуваат приговорите за изборите кои се одржаа на 11 декември.

До ДИК се пристигнати вкупно 16 приговори од политичките партии кои учествуваа на предвремените парламентарни избори. Се разгледуваат еден по еден.

Досега се отфлени 7 приговори на политичката партија Беса. Станува збор приговорите во Арачиново, Липково, Тетово и Гази Баба. Според некои членови на ДИК, од ДПА и ВМРО ДПМНЕ, за овие места немало докази. На спротивно мислење се членовите на СДСМ.

Инаку до ДИК се пристигнати вкупно 16 приговори од политичките партии кои учествуваа на предвремените парламентарни избори, БЕСА И СДСМ. Според информациите од ДИК, од вкупниот број приговори, осум се на Коалицијата предводена од СДСМ, а осум се на Движењето Беса.

Дел од приговорите се однесуваат на избирачките места, а дел од приговорите на СДСМ се однесуваат и на изборните резултати. ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик. Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием.

Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање. Според првичните резултати од изборите што ги објави ДИК, ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 мандат, СДСМ 49, ДУИ 10, Движењето БЕСА 5, Алијанса за Албанците три, а ДПА два. Конечните резултати од изборите ДИК треба да ги соопшти најдоцна до 20 декември, откако ќе поминат роковите за приговори и одлучување по нив.

XS
SM
MD
LG