Достапни линкови

Заев и митингот на опозицијата - вие коментирате


Партискиот лидер Зоран Заев зборува на предизборниот митинг на опозицискиот СДСМ во Скопје, 4 декември, 2016.

Централниот митинг на опозицијата во Скопје и интервјуто со Заев предизвикале најмногу коментари. Противниците забележуваат за албанските песни и федерализацијата, а поддржувачите повикуваат да не се заборави содржината на „бомбите“.

По синоќешниот централен митинг на опозицијата предводена од СДСМ, разбирливо, куп коментари на Фејсбук страницата на Радио Слободна Европа од противници и од поддржувачи на СДСМ.

Коста Томов прашува зошто се пеело на албански, „нели се за Македонија? Продадени души…“, а Олга Миновска му одговорила: „Во Македонија живеат и други, ако не си знаел“. И Никола Ристовски се вклучил во размената на мислења: „Што ако пееја на македонски, бе друже, Никола и компанијата пепел ја направија државава“. Агрон Ферати, Едип Салих, Рафиз Ислами, Шанел Шувалиќ, Ајхан Рашидовски, Филип Мицковски, Орхан Муча, Џоко Мрцкалов и уште многу други потпишани со албански, српски, турски и македонски имиња, го постирале само бројот 4, всушност редниот број на гласачкото ливче резервирано за СДСМ и коалицијата.

Многу повеќе негативни коментари против Заев има по неговото неделно интервју за РСЕ, во кое покрај другото вели дека федерализацијата е само во главата на Груевски и дека ќе нема федерализација, туку конфискација на украденото. Постовите главно се однесуваат на наводното негово залагање за федерализација и кантонизација на државата. Потпишан со Македонија Зеко постирал: „Никој веќе не ги јаде овие стари фори, албанизација, двојазичност, тоа помина. Сега сите страни се борат против апашите и мафијашите“. Игор Стојчевски, Тошо Великовски, Душко Илиевски и многу други му забележуваат на Заев дека ги менувал изјавите и дека ги продавал националните интереси, а Јагода Гиловска постирала:

„Абе пријатели, тоа што го кажал Заев не го заборавате, а тоа што Груевски го кажуваше во ’бомбите‘ го заборавивте. Погледнете ги убаво и потсетете се, ако не, напијте се по едно билобилче“.

Предраг Прентовиќ, пак, објавува факсимил од Службен весник каде што се гледа дека законот за официјална употреба на албанскиот јазик и за знамињата во средини каде што 20 проценти од населението се Албанци го потпишале токму Ѓорѓе Иванов и Трајко Велјановски во 2011 година.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG