Достапни линкови

„Бандата и предавниците“ - ваши коментари


Почетокот на изборната кампања и објавувањето на случајот Таргет на СЈО, според кој, прислушувањето го вршела УБК, а не некакви странски служби кои со комбиња возеле низ главниот град, се најкоментирани теми од нашите читатели.

Предизборната кампања почнува денеска, понеделник, но на нашата Фејсбук страница предизборните препукувања се почнати поодамна. Се коментира дали се ближи нечиј крај, на „предавниците и криминалците“ или на „режимот и на криминалната банда“, во зависност дали ги пишуваат членови и симпатизери на владејачката или на опозициската СДСМ.

Томе Богдановски, по информацијата дека сите партии потпишаа кодекс за фер избори, постирал дека тоа е „Уште една тоалет-хартија. Куририте на власта не почитуваат никаков договор“.

Пеце Симитчиев дека таков кодекс се потпишува пред секои избори, „но од прислушуваните разговори можеме да се увериме дека ДПМНЕ на ниедни избори не игра фер“.

Потпишан кодекс за фер избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Мате Додевски најмалку десетпати постирал коментари против лидерот на СДСМ, Заев, на што Сашко Стојанов коментирал: „Ааа, денеска е Мате дежурен во штабот и одговорен за коментари!“

И Весна Крстевска влегува во полемики со цел куп фанови на нашата Фејсбук страница, со својот коментар дека специјалната обвинителка Јанева (употребувајќи недолични имиња за неа) сакала да го сврти вниманието од, како што напишала, глупостите на Заев (повторно употребувајќи недолични имиња и за него).

Ѓорѓе Јанев ја прашува неа и другите што го напаѓаат СЈО по последната прес-конференција за случајот „Таргет“: „На толку апла докази уште ли ќе го браните тоа што не се брани?“, а Снежана Будимовска им порачува на Додевски и Крстевска дека не се вредни за коментар. „За среќа, ве има сè помалку“.

Седит Бекировски ѝ напишал на Крстевска : „Латас и на тебе ти го испрал мозокот... Секој нормален човек со дигнитет треба да се буни за ваква тешка злоупотреба на газење на приватноста и безбедноста на граѓаните...“

Полемика со повеќе постови развиваат и Младен Марковиќ и Роза Милошева – темата е кој е поголем патриот, дали Марковиќ што спиел на под во празни касарни во 90-тите кога се осамостојуваше Македонија, или Милошева која се залагала за Македонија а не за Бугарија.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG