Достапни линкови

МОСТ будно ги следи партиите


Прес конференција на Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ. 28 октомври 2016.

Граѓанската асоцијација МОСТ ја следи предизборната кампањата, но не ги коментираат методи и алатките на партиите, туку утврдуваат дали истите се во согласност со правилата, законските процедури и демократскиот дух.

Три илјади и триста набљудувачи на МОСТ распоредени на целата територија ќе ги набљудуваат предвремените парламентарни избори во декември. Граѓанската асоцијација МОСТ најави дека 80 набљудувачи веќе се распоредени во секоја општина во Македонија и истите ги следат активностите на политичките партии и државните институции, како и работата на изборните органи.

„Одблиску ја следиме кампањата, односно во оваа фаза активностите на партиите на терен и согласно нашата динамика за известување на јавноста, прибираме податоци коишто ги обработуваме, верификуваме ги аргументираме и ќе ги споделиме со јавноста соодветно нашата динамика. А по прашање на тоа кој каква кампања ќе спроведува, најдобро е да ги прашате партиите, зошто ние не ги коментираме нивните методи и алатки, туку повеќе утврдуваме дали истите се во согласност со правилата, законските процедури и демократскиот дух,“ изјави Дарко Алексов од МОСТ.

Алексов потсети дека неколкупати досега потенцирале дали одреден дел од Пржинскиот договор бил исполнет или не. Во оваа фаза вели тој, откако изборите се распишани и изборниот процес тече, нема да го коментираме договорот, туку ќе следиме колку принципиелно партиите го спроведуваат тоа што го договориле и за истото ќе ја информираме јавноста. Во врска со можните импликации поради нерешавањето на прашањето со гласачите во шестата изборна единица, Алексов вели:

„За таа изборна единица во овој момент постои ситуација на нееднаквост на вредноста на гласот. Кредибилноста и легитимитетот на изборите не се влече само од моментот на прекројување на изборните единици. Има неколку компоненти кoишто сите мораме да ги земеме во предвид, а тоа е комплетната методологија на МОСТ. И во минатото МОСТ укажуваше на единствената институција која може да ги прекрои изборните единици, а тоа е Собранието. Ако тоа го правевме од февруари и не беше ставено на дневен ред, а 110 пратеници гласаа за распуштање на Собранието и одење на избори, сметаме дека изборниот процес во оваа фаза тече, а како ќе се постапи понатака и какви избори ќе имаме ќе покаже оценката која ќе ја споделиме со јавноста на крајот на изборниот процес“, изјави Алексов.

Од МОСТ информираат дека граѓаните можат да пријават какви било нерегуларности на бесплатната телефонска линија 080 080 080 . Во таа насока беше промовирано и видеото „Твојот глас е само твое право,“ кое е дел од кампањата за промовирање на заштитата на избирачкото право, слободата и тајноста на гласањето.

МОСТ - „Твојот глас е само твое право“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:07 0:00

Во меѓувреме пак, од денеска пак започнува и јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае до 11 ноември. Граѓаните ќе можат да извршат проверка на запишаните податоци. Граѓаните можат да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на ДИК како и на интернет страницата izbirackispisok.gov.mk Десет дена подоцна, односно на 21 ноември, ДИК треба да го заклучи списокот, а на 1 декември и да го потпише. Во меѓувреме тече и рокот за пријавување на граѓаните за гласање на изборите кои се на привремена работа или престој во странство и кои тоа треба да го сторат до 11 ноември.

Досега 2099 кои се на привремена работа во странство преку електронската апликација на веб страницата на ДИК се пријавиле за гласање на претстојните избори. Од нив како што соопшти ДИК, пријавени се 1413 пријави, 61 се одбиени, а 625 се во обработка.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG