Достапни линкови

Весниците за нападите кон СЈО и изборите


Архивска фотографија - Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, и јавниот обвинител марко Зврлевски на Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Нападите и критиките врз Јанева и СЈО, владеењето на правото, предизборната кампања, препораката за членство во ЕУ, се само дел од темите за кои пишуваа весниците.

Во провладиниот дневен печат не стивнуваат нападите врз СЈО и Катица Јанева. Особено по отвореното писмо што ОЈО го испрати до Јанева во кое Зврлевски и другите јавни обвинители ја обвинуваат за непрофесионално работење.

Дневник во насловот оди со прашањето извлечено од тоа писмо: „По кој стандард ваш истражител и приватен детектив следат и снимаат лица од ваш предмет?“ Вечер наслови: „Во серија незаконитости, Јанева го направи и ова – Катица со детективи незаконски следи и снима – ОЈО отвора постапка за незаконско работење на СЈО“. Хелсиншки комитет смета: „ОЈО да гони криминал наместо да го критикува СЈО“ – информира Утрински за ставот на Хелсиншки по ова прашање, па продолжува дека во таа невладина организација потсетуваат дека доколку „редовното обвинителство беше професионално, немаше да се наметне потребата од формирање СЈО“. Во меѓувреме, „СЈО почна да ги чешла земените материјали за следењето на комуникациите – УБК ќе има мака да ги покрие прислушувањата со судски налози“ – пишува Слободен печат.

Нова Македонија го објавува извештајот за владеење на правото на меѓународната невладина организација „Ворлд Џастис Проџект“ во кој Македонија е е спуштена на 54-то од ланското 44 место, според владеење на правото. На прво место е Данска, пред нас се Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција... а зад нас се Албанија, Србија, Турција... Дневник ја пренесува веста на Телеграф од дипломатски извори дека „Македонија на 9 ноември ќе добие условена препорака за членство во ЕУ“. Но, ќе треба да спроведе добри избори и да преземе конкретни реформи што ќе треба да ги реализира новата влада.

Продолжува и предизборната кампања во медиумите. Вечер оди со наслов: „Обединетата десница ќе зададе силен удар за антимакедонските политики на Заев – и Георгиевски и Арнаудов ги потврдија информациите дека водат преговори со ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на изборите“. Вечер е и сигурен: „Трајанов и Кекеновски тргнаа во изборната трка без Љубчо и Љубе: ВМРО-НП со ВМРО-ДПМНЕ – Трајанов и Кекеновски останаа сами“.

Утрински и Слободен печат информираат дека започнала граѓанската акција под мотото, „Ние одлучуваме“. Целта на кампањата е да ги информира и мотивира граѓаните да учествуваат на претстојните избори, а освен тоа и да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и на институциите за изборни цели, како и заканите и заплашувањата на граѓаните за остварување на своето избирачко право.

Граѓанска акција за изборите - Ние одлучуваме
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG