Достапни линкови

Спортувањето кај децата - потреба, но и дополнителен трошок


Деца спортуваат во сала во Тетово

Спортот е важен за психо-физичкиот развој, бидејќи децата малку време се во друга, освен во седечка положба. Сепак, поради недостиг од простор за детски игри, родителите ги запишуваат децата во приватни школи за разни спортови. Тоа е добро, но е дополнителен трошок за родителите.

Во Тетово работат голем број приватни школи за разни спортови за кои спортските работници и тренери сметаат дека во вакви општествени прилики претставуваат меѓу ретките можности за децата и младите за имаат физичка активност и да спортуваат. Кошаркарскиот тренер Душко Јаковчевски вели дека причината е што родителите ги запишуваат децата во приватните спортски школи е тоа што немаат место ни друштво за детските игри.

„За разлика од тоа време ние кога сме биле на нивна возраст, функционирал и маалскиот живот, имало многу повеќе деца, имало многу игри. Сега со тек на времето се заборава го нема од икс причини и мислам дека физичката активност организирана е моментално единствен простор каде што може да детенцето правилно психо-физички да се развие“, вели Јаковчевски.

Томислав Ѓеровски, професор по физичко воспитување, смета дека спортот е важен за психо-физичкиот развој бидејки децата малку време се во друга, освен во седната положба. Тоа според него се должи на големиот број часови на училиште, додека дома претежно слободното време децата го користат да играат пред компјутер или таблет.

„Таа седната положба многу им прави проблеми на децата. Значи од рана возраст не се активни и се јавува за кратко време кифоза, тромавост, помала подвижност итн. Физичката активност, и ако додадеме правилната здрава исхрана во целост секако влијае на правилниот развој на децата“, истакнува професорот.

Околу тоа од која возраст е добро да се спортува или да се има позначајни периоди на физичка активност, Ѓеровски вели дека е подобро што порано се стекнуваат навики насочени кон подобра физичка подготвеност.

„Родителите не треба да бидат многу ангажирани за детето, префорсирани. Нити пак нефорсирани, воопшто незагрижени. Во соработка со стручни лица во градов, ние имаме стручни едуцирани за таа популација, за популација за возраст од 3-4 години па нагоре. Во соработка со стручни лица, да не му бранат, напротив во секое слободно време детето да го насочат во некој спортски клуб, во спортска секција и да има континуитет. Тоа вежбање не еднаш неделно или еднаш месечно, туку пожелно е три пати неделно детето да се бави со некој спорт“, вели Ѓеровски.

За родителите, приватните школи се погодно место каде може да носат децата да спортуваат, но истовремено и предизвик со оглед дека за тоа треба да плаќаат. Износите се движат од 500 до 1000 денари.

XS
SM
MD
LG