Достапни линкови

Нема лето за Шарената револуција


Отпорот ќе продолжи во континуитет сè додека не се реши кризата, велат демонстрантите. Нема да изостанат герила акциите, а можен е и нов протест. Од СДСМ посочуваат дека најмногу посакуваат политичка разрешница на кризата

Во Скопје вечерва започнува голем митинг на Шарената револуција откако истече рокот за ултиматумот што го поставија до власта, со кој се бараше иницијативата за СЈО да се најде на дневниот ред на Уставниот суд и да прекине полицискиот прогон на граѓански активисти. Протестот е поддржан и од опозициски партии и нивни членови. Од Шарената револуција најавуваат дека во континуитет ќе продолжи отпорот сè додека не се реши кризата

„Притисоците кон власта и кон владејачката партија ќе продолжат и од утре и натаму се додека кризата не биде разрешена комплетно и се додека Македонија не се врати на демократскиот пат и на патот кон европските интеграции. Треба да се очекува да продолжат формите на протест како герила активности. Ако треба да се работи и летото ќе се работи, нема одмор додека не се реши кризата“, вели Демијан Хаџи – Ангелковски активист од движењето Протестирам.

Тој исто така рече дека засега е неизвесно дали се планира уште еден голем протест и оти зависи дали владејачката партија ќе покаже слух за нивните барања.

Од СДСМ посочуваат дека најмногу посакуваат политичка разрешница на кризата и оти инсистираат да продолжат преговорите кои според нив се единствен излез од моменталната состојба. Инаку освен барањето иницијативата за СЈО да се најде на дневниот ред на Уставниот суд, приоритетни теми во преговорите остануваат прочистувањето на избирачкот список и реформите во медиумите, велат од оваа партија.

На разговорите кои се водеа во резиденцијата на ЕУ во Пржино, со посредство на амбасадорите на Европската унија и САД изминатата недела теми беа избирачкиот список и регулацијата на медиумите, а по прекинот на преговорите во петокот не беше кажано дали наскоро ќе има нова лидерска средба.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG