Достапни линкови

Бeчев: Груевски не ги почитува правилата на игра


Колку повеќе трае кризата во Македонија, толку се поголеми шансите за грчко или шпанско сценарио, смета Димитар Бeчев – истражувач од Европскиот центар за политика, во интервју за Радио Слободна Европа.

„Во Македонија големо е незадоволството од сите партии, не само од ВМРО – ДПМНЕ на Груевски, туку и од неговите претходници. Пред две години избија студентски протести. Генерално, младите луѓе се незадоволни од политичарите, вклучително и од опозицијата.“

Се појавуваат нови левичарски групи кои сметаат дека Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) е проблем скоро како и Груевски. На социјалните мрежи може да се види дека таквите гласови се се посилни“, вели Бeчев кој е автор на повеќе книги меѓу кои и „Македонскиот историски речник.“ Со него разговараше Драган Штављанин.

РСЕ: Што е во позадината на кризата во Македонија? Зошто властите не го почитуваат договорот со опозицијата постигнат пред неколку месеци со посредство на ЕУ?

„Мислам дека во овој случај пред се одговорни се Владата на Македонија и премиерот Никола Груевски, бидејќи не ги почитуваат преземените обврски. На пример, амнестијата на одговорните за прислушувањето, што ја направи претседателот на државата, секако не беше предвидена во договорот со опозицијата за одржувањето на предвремените избори. Така што, Груевски се обидува да го искористи процесот во кој посредува ЕУ прифаќајќи одредени отстапки, како поделбата на власта во тразицискиот период, но се поигрува со останатите политички актери. Не ги почитува правилата на игра коишто ги прифати и затоа дојде до протести.“

РСЕ: Зошто го прави тоа Груевски ако може да му се врати како бумеранг дури и ако ги добие изборите? Изборите нема да бидат легитимни во случај на бојкот на опозицијата, а таквиот резултат нема да добие поддршка од ЕУ?

Тој направи грешка со прекумерните калкулации. Мислам дека европските претставници сега немаат никаква дилема чија е одговорноста за кризата. Имено, минатото лето многумина сметаа дека и Груевски и опозицијата мораат да направат отстапки. Сега опозицијата има имиџ на „добро момче“, додека Груевски ги крши правилата. Ова е игра на нерви, односно кој прв ќе попушти. Мислам дека македонскиот премиер направи голема грешка, бидејќи можеше лесно да победи без извртување на договореното. Ќе видиме што ќе донесе следниот круг на преговори, во кои ќе посредува еврокомесарот Јоханес Хан.

РСЕ: Дали претседателот на државата, Ѓорге Иванов на своја рака ги помилуваше осомничените за аферата прислушување, бидејќи дури и Груевски се дистанцираше од таа одлука?

Македонија е мала земја и сите знаат дека Иванов во цеслост е зависен од Груевски. Со дистанцирањето од амнестијата Груевски има за цел да ја сочува позицијата и по цена да го жртвува Иванов. Во секој случај, македонскиот претседател не ја донесе сам таквата одлука и таа секако е координирана со премиерот.

РСЕ: Како го коментирате предупредувањето на Министерството за надворешни работи на Русија дека со користењето на „украинско сценарио“ и „поттикнување на државен удар од внатре“ се заканува дестабилизација на Македонија и на Балканот во целост. Во соопштението е наведено дека македонската опозиција повторно станала „инструмент за ескалација“ на внатрешниот политички конфликт со поддршка однадвор, со цел да пропаднат предвремените избори на 5 јуни, кои се „единствен легитимен излез од долгата криза“?

Русија има за цел да ја искористи ситуацијата во Македонија, како и секоја друга криза во светот. Во исто време, Груевски како сите други лидери во регионот се обидува да балансира и калкулира, но на крајот се приклонува кон политиката на ЕУ, што покажува и минатогодишниот договор со посредство на Брисел. Со тоа, наметната е тезата дека тој е сојузник на Русија, иако на моменти изгледа дека балансира меѓу Москва и ЕУ. Сметам дека Русија не игра значајна улога во оваа криза, иако настојува да ја искористи за свои интереси.

РСЕ: Дали Русија набљудува од страна и настојува да ја искористи кризата во Македонија или активно е вклучена користејќи тактики од „хибридната војна“ во Украина и соседните земји?

Не мислам дека Русија е активно вклучена во случувањата во Македонија. Мислам дека Русија има повеќе лостови за влијание во соседна Србија. На пример, две партии кои имаат големи шанси овие избори да влезат во Парламентот, се залагаат за тесна соработка со Русија и откажување од ЕУ. Мислам на Српската радикална странка и Двери. Во Македонија нема такви сили. Секако, Груевски е спремен денеска да соработува со Русија, но веќе утре ќе се приклони кон Брисел ако процени дека тоа е неопходно за зачувување на неговата позиција.

РСЕ: Каква е улогата на опозицијата, како што нагласив руското министерство ја обвинува дека е инструмент во рацете на одредени западни кругови. Дали опозициските сили се обидуваат во оваа ситуација да извлечат што повеќе отстапки?

Секако, опозицијата има свој план и настојува да ја освои власта. Таа веќе извлече некоја корист од поделбата на власта во овој преоден период. Истовремено, се слушаат многу гласови во Скопје дека граѓанските организации кои учествуваат во протестите, треба да се дистанцираат од опозицијата, за да не станат продолжена рака на Социјалдемократскиот сојуз. Мислам дека тоа е правиот став. Во Македонија големо е незадоволството од сите партии, не само ВМРО – ДПМНЕ и Груевски, туку и од неговите противници.

Пред две години избија и студентски протести. Генерално, младите луѓе се незадоволно од политичарите, вклучително и од опозицијата. Се појавија нови левичарски групи кои сметаат дека Социјалдемократската партија е проблем скоро како и Груевски. На социјалните мрежи може да се види дека таквите гласови се се посилни. Меѓутоа, лидерот на социјалдемократите Зоран Заев засега е клучната фигура на протестите. Тој е силна и кредибилна личност.

РСЕ: Дали оваа генерација социјалдемократи е различна од онаа од времето на Бранко Црвенковски, кој долго беше на власт пред Груевски?

Апсолутно. Новата генерација студентски активисти, радикалните левичари не се чувствуваат удобно во друштво на старите социјалдемократи, кои политичките корени ги влечат уште од времето на поранешните југословенски комунисти. Пости тензија меѓу нив, вклучително и околу прашањата кој зборува во името на левите сили во Македонија. Меѓутоа, мораат да бидат заедно се додека Груевски е на власт.

РСЕ: Како овие протести се одразуваат на меѓународните односи на Македонија имајќи во предвид дека Албанците се незадоволни од примената на Охридскиот договор, со кој беше завршен вооружениот етнички конфликт пред 15 години?

Веројатно со овие протести се настојува да се премостат етничките поделби, особено младите активисти кои, на пример, пишуваат слогани и останати содржини на социјалните мрежи на двата јазика. Исто така, многу се активни некои значајни личности меѓу Албанците, што е од исклучителна важност, бидејќи покажува дека во Македонија постојат прашања надвор од етничкиот идентитет. Во протестите се настојува да се надминат етничките поделби, особено младите активисти, кои на пример на двата јазика поставуваат слогани и останати содржини на социјалните мрежи.

Двете клучни албански партии во моментов се на страна, но имаат и историја на соработка со Груевски. Некои од нив повторно може да се најдат во новата влада. Во исто време, лидерите на овие две албански партии мораат да посветат внимание на расположението на гласачите во нивната национална заедница, пред се на младите, кои се повеќе се незадоволни од традиционалните политичари и бараат нови луѓе со нови идеи. Во овој момент лидерите на Албанците мораат да играат симултанка, односно шаховска партија на повеќе табли.

РСЕ: Дали политичките немири во Македонија можат да влијаат во Регионот?

Не верувам. Таа во последните десетина години доста е изолирана од регионалните и меѓународните трендови. Секоја од земјите од регионот има своја внатрешна динамика. Србија се соочува со сопствени проблеми, истото се однесува и на Бугарија.

РСЕ: Каков ќе биде расплетот на случувањата во Македонија?

Изборите најверојатно ќе се одржат и Груевски ќе мора да попушти поради притисоците од ЕУ. Тој би можел да ги добие и претстојните избори, но опозицијата ќе биде дел од Владата. Но, тоа не значи дека не е можно продолжување на насилствата доколку Груевски остане непопуслив.

XS
SM
MD
LG