Достапни линкови

Миграцијата расте, наталитетот опаѓа


Дебар и Центар Жупа стареат. Бројот на новороденчиња во споредба со пред 30 години е помал за два ипол пати. Има неколку фактори за ваквата сосотјба, но масовната миграција предничи.

Во општините Дебар и Центар Жупа продолжува рапидното намалување на наталитетот и тоа пред сè поради масовната миграција на младото население. Ако се направи споредба на сегашниот број на новородени деца во двете општини со 80-тите години на минатиот век, таа бројка е помала за два ипол пати. Податоците што ги изнесуваат надлежните здраствени институции во Дебар јасно говорат дека во последните три децении Дебар и Жупа стареат.

Кога се говори за причините на рапидното намалување на раѓањата, има неколку фактори, но сепак доминира факторот на масовната миграција. Селата и Жупа се иселуваат во земите на ЕУ и тоа во Италија, Швајцарија, Германија и други земји на нашиот континент, додека пак младите од Дебар мигрираат во најголем број во Америка.
Нешат Исламоски, Здравствен дом во Дебар.

Во службата за имунизација при Здравствен дом во Дебар информираат дека во 2015 година биле имунизирани вкупно 246 новодени деца во Дебар и Жупа. Со оглед дека во последните години мајките од двете општини раѓаат не само во одделот за гинекологија во Дебар, туку и во други болници од нашава земја, во службата за имунизација, односно вакцинација во Дебар нагласуваат дека за сите новородени деца од двете општини имунизацијата стартува и се реализира токму во Службата за имунизација во Дебар.

„Вкупниот број на новородени деца од општините Дебар и центар Жупа во 2015 година изнесува 246. Од наведената бројка 58 се породувања во нашата болница во Дебар, односно одделот за гинекологија, потоа 118 новородени деца на мајки од Дебар и Жупа се во болницата во Струга, над 40 се во болници во Скопје и другите породувањеа се во Тетово и други градови од нашава земја.“, истакнува Нешат Исламоски од Службата за имунизација при Здравствената установа Здравствен дом во Дебар.

Исмаловски кој работи во оваа служба повеке од три декади изнесува и официјални податоци за бројот на новородените деца во 80- тите години, поточно за 1984 за кои нагласува дека сега бројот на новородените деца е два ипол пати помал.

„Податоците од евиденцијата за имунизација во 80- тите години во споредба со денеска имаат огромна разлика. Во 1984 година кога јас започнав да работам во оваа институција , во службата за имунизација односно вакцинација се регистрирани 640 новородени деца кои започнале имунизација, што говори дека два ипол пати повеќе од денешните бројки. Кога се говори за причините на рапидното намалување на раѓањата, има неколку фактори, но сепак доминира факторот на масовната миграција. Селата и Жупа се иселуваат во земите на ЕУ и тоа во Италија, Швајцарија, Германија и други земји на нашиот континент, додека пак младите од Дебар мигрираат во најголем број во Америка.“

Дека бројката на новородените деца опаѓа говори и фактот дека во основните училишта во Дебар и Жупа бројот на учениците е опаднат за околу три пати.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG