Достапни линкови

Кој прв ќе падне? Јанева или...


Опструкциите и оцрнувањето кон Специјалното обвинителство ќе се засилуваат како ќе напредуваат истрагите. Со ваквите постапки се одолговлекува времето за носење одлуки, а сето тоа укажува дека и судството ќе биде под силни притисоци кога овиненијата ќе дојдат до нив.

Оркестрираното девалвирање на Специјалното јавно обвинителство има за цел да го амортизира ударот кој се очекува со обвинителните акти против владини функционер по предметите кои произлегуваат од прислушуваните разговори, велат аналитичарите.

Десетиците кривични пријави против дел од тимот на обвинителката Катица Јанева поврзани со предистражната постапка, медиумските напади против неа во кои и се упатуваат и закани за нејзино разрешување, како и институционалните сопки за нејзиниот тим се спроведуваат организирано за да се создаде страв во тимот на Јанева во водењето на постапките, вели професор Осман Кадриу.

И на некој начин да се блокира и да се девалвира во целост институцијата со нагласка дека не е компетентно, не е способно, не може да ги води постапките, прави повреда на законите и како да сака да се оди со комплетна постапка против неа за разрешување, поточно за политичка одговорност.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

„И на некој начин да се блокира и да се девалвира во целост институцијата со нагласка дека не е компетентно, не е способно, не може да ги води постапките, прави повреда на законите и како да сака да се оди со комплетна постапка против неа за разрешување, поточно за политичка одговорност “, вели Кадриу.

Тој вели дека како истрагите ќе напредуваат, така ќе се зголемуваат и опструкциите врз тимот на Јанева.

„Сметам дека сите овие работи имаат една лоша заднина, по се изгледа тука се и политичките лидери, посебно лицата од власта за кои се зборува и кои се спомнуваат во тие прислушувања, да се да се бламира и личноста на госпоѓа Јанева.“

Ако Специјалното јавно обвинителство во старт се соочува со притисоци, тогаш уште поизвесно е под какви притисоци ќе биде се уште нереформираното судство, кога ќе треба да одлучува за евентуалните обвиненија што ќе произлезат од предметите кои ги истражува ова обвинителство.

Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски вели дека дека Јанева беше избрана како резултат на Договорот од Пржино на политичките партии, но оттогаш се гледа една тивка опструкција со цел да се пролонгира времето на донесување одлуки.

„Зошто е тоа направени? Јас сметам оти не е само од некое несогласување меѓу политичките партии, меѓутоа присутна е желбата кај одреден круг на луѓе, коишто очигледно и сами знаат дека ќе бидат прозвани од специјалниот јавен обвинител да одговараат на прашања кои се непријатни за нив. Ова го заклучувам од содржината на прислушуваните разговори.“

Спoред тоа пролонгирањето на работата и доближувањето на термините до изборите веројатно е со цел да се скрати временската и објективната можност за Специјалниот јавен обвинител да одговори на својата задача, вели Трпеновски.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG