Достапни линкови

Спасовски – Пронајдени 70 илјади обрасци за дупликат возачки дозволи


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се сомнева оти со овие лични документи била можна злоупотреба на идентитетот на граѓаните и дека постојат индиции за можна продажба на обрасци.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека при ненајавен попис на магацинот на МВР се пронајдени 70 илјади обрасци за дупликат возачки дозволи. Тој изјави дека се сомнева оти со овие лични документи била можна злоупотреба на идентитетот на граѓаните и дека постојат индиции за можна продажба на обрасци.

Постојат сериозни индиции и зборување во јавноста дека има можеби продажба, тука и надвор од Македонија на возачки дозволи со одредена цена по којашто се движат тие формулари и ако тоа е така или ако се спроведува така, 70-те илјади формулари ќе гарантираат повеќе милиони евра од нелегално издадени документ, односно нелегален прилив.
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Спасовски вели дека истрагата која е отворена за фалсификување на документи зазема скандалозни размери и дека во овој случај е инволвиран висок раководител во министерството. Овој случај е откриен по ненајавен попис во магацинот на МВР од страна на комисија која ја формирал Спасовски.

„Пронајдени се 70 илјади формулари за возачки дозволи кои се внесени во министерството на 26 ноември 2015 година, непосредно по моето доаѓање во министерството. Но, овие 70 илјади лични документи не се евидентирани дека постојат во магацинскиот компјутер. Зошто? Затоа што исти такви возачки дозволи веќе постојат во евиденциите на Министерството за внатрешни работи. Станува збор за исти такви документи со исти сериски броеви“, рече Спасовски.

Министерот вели дека има признание од вработен дека помошникот кој работел во оваа област бил известен дека во магацинот имало дупликат возачки дозволи, но не реагирал сѐ додека не стигнал налогот за попис во магацинот.

„Со дупликатот возачки дозволи можеби се прави обид за сериозни злоупотреби на идентитетот на граѓаните за којшто може да биде и мојот и вашиот идентитет. Постојат сериозни индиции и зборување во јавноста дека има можеби продажба, тука и надвор од Македонија на возачки дозволи со одредена цена по којашто се движат тие формулари и ако тоа е така или ако се спроведува така, 70-те илјади формулари ќе гарантираат повеќе милиони евра од нелегално издадени документ, односно нелегален прилив“, рече Спасовски.

Германската фирма добавувач на формуларите биле изненадени за ваквиот пропуст за кој претходно не биле известени и побарале итна средба, вели министерот.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG