Достапни линкови

Осуден секој седми пријавен за злоупотреба на службата должност


Музам Халили, докторант на Факултетот за безбедност на Битолскиот универзитет.
Музам Халили, докторант на Факултетот за безбедност на Битолскиот универзитет.

Според годишните извештаи на Заводот за статистика, од 2002 до 2008 година биле пријавени 9.588 сторители кои ги злоупотребиле службените положби и овластувања, а биле осудени 1401.

Злоупотребата на службената положба и овластување доминира како кривично дело во економскиот криминал, вели Музам Халили, докторант на Факултетот за безбедност на Битолскиот универзитет. Во неговата докторска теза „Криминолошко-криминалистички аспекти на злоупотребите на службената положба и овластување во Македонија“, тој проучувајќи го овој криминал, истражил дека голем е бројот на пријави, а далеку помал бројот на паднати судски пресуди.

Голем број на кривични дела со елементи на злоупотреба на службена положба и овластување остануваат неоткриени. Исто така, според тоа колку биле пријавени, а на крај колку биле осудени, бројката е многу мала.
Музам Халили, докторант на Факултетот за безбедност на Битолскиот универзитет.

„Голем број на кривични дела со елементи на злоупотреба на службена положба и овластување остануваат неоткриени. Исто така, според тоа колку биле пријавени, а на крај колку биле осудени, бројката е многу мала. Доколку се гледаат статистичките податоци, судскиот епилог навистина е скромен, што на некој начин ги потврдува забелешките на Европската комисија, која судството ни го претставува како проблематично“, вели Халили.

Во докторатот користел податоци од Заводот за статистика, МВР и Финансиската полиција. Според годишните извештаи на Заводот за статистика, од 2002 до 2008 година биле пријавени 9.588 сторители кои ги злоупотребиле службените положби и овластувања, а биле осудени 1401.

„Дојдов до заклучок дека пред сè за да се расветлат овие дела онака како што треба, неопходно е да се собере солиден доказен материјал, зашто од истражувањето што го направив во обвинителствата и другите судски органи, одговараат дека поради недоволен и несоодветен доказен материјал морале пријавите да ги отфрлат“, истакнува докторантот.

Според пријавите од МВР, од 2002 до 2012 година злоупотребите биле направени со фалсификување документација, склучување на штетни договори, носење на незаконски решенија, злоупотреба на парични средства, спроведување фиктивни тендерски постапки и друго. Најчесто биле пријавувани директори и управители.

„Најчесто како сторители на ова дело се појавуваат лица кои се на раководни позиции кои не сакаат да ја пропуштат можноста што им е дадена со функцијата и овластувањата, а водени од тоа дека овластувањата не се трајни, па сега е моментот да се искористат. Имало злоупотреби со поголема штета врз државниот буџет и за помали оштетувања, но сепак станувало збор за злоупотреба на службената должност“, додава Халили.

Според анализата на градовите од внатрешноста од 2002 до 2012 година Битола имала најголем број на откриени кривични дел од областа на злоупотребата на службената положба дури 929 со 1.215 сторители.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG