Достапни линкови

Зонското паркирање во Тетово проблематично


Macedonia - Parking zone in Tetovo.
Macedonia - Parking zone in Tetovo.

Дел од жителите на Тетово против зонското паркирање, оти на паркинзите пред нивните згради не можат да се паркираат. Бараат општината да најде решение и за нив.

Жители на Тетово, станари на трите највисоки згради во самиот центар на градот, 11-катниците познати по називот Кули Пошта, се соочуваат со неможност да ги паркираат своите возила зошто Општината не дозволува тоа да го направат на паркинг местата на улицата пред објектите, со образложение дека истите ќе се користат само за зонско паркирање. Граѓаните велат дека Општината покрај тоа што не им дава можност за закуп на паркинг место, на месечно или годишно ниво, а не е обезбедено друга локација.

Се паркираме на крај каде некој ќе најде место. Меѓутоа тоа не е решение, чекаме навечер да се ослободи место. Се паркираме на страна.
Анкетиран граѓанин.

„Се паркираме на крај каде некој ќе најде место. Меѓутоа тоа не е решение, чекаме навечер да се ослободи место. Се паркираме на страна. Ние дадовме една петиција, барање до Советот на Општината, до градоначалничката, да го разгледаат. Доколку не го разгледаат, ние сме спремни да направиме некои порадикални мерки.“

„Општината да ни дозволи зонско паркирање, да ни даде некоја повластица на месечно или годишно ниво со некој минимален надоместок. Да ни се обезбеди место каде да ги паркираме нашите возила. Ние тука живееме, ние немаме друг избор“, велат жителите.

Од јавното претријатие Градски паркинг Тетово велат дека официјално ги инфомирале граѓаните како да постапуваат во новата ситуацијата со зонското паркирање и дека нема промена. Сепак оставаат простор за проблемот во иднина да се најде друго решение.

„Во А зоната нема да има паркинг карти за станарите, додека истите ќе можат да земат во Б зоната.“

РСЕ : Дали Општината има предвидено некое алтернативно решение?

„Значи за А зоната дополнително треба да изнаоѓаме решение, заедничко решение заедно со станарите“, вели Фејсал Беадини вд. Директор на ЈП Градски Паркинг Тетово.

Возачите се жалат и дека при праќањето на пораката треба однапред да определат еден, два или три часа паркирање бидејќи нема опција да се прекине по на пример 15-тина минути.

„За разлика од другите градови, првично ќе се определи времетраењето. Не како што е во другите градови со праќање на С (стоп)“, вели Беадини.

Општината започна со воведување на зонското паркирање пред крајот на септември. Се уште на сила е пробен период во кој се бара од возачите да пратат смс порака но без да платат 30 денари за еден час паркирање.

XS
SM
MD
LG