Достапни линкови

Новата влада ќе функционира со рововски борби


Тензично ќе се спроведува секој проект што е во надлежност на новите министри, ќе има опструкции, може нема да направат многу, но треба да обезбедат регуларно функционирање на министерствата. А доколку има опструкции, треба да интервенира четворката од Пржино и меѓународната зедница.

Новата влада во краток временски период треба да овозможи услови во насока на тоа во април следната година да имаме фер и демократски избори. Експерите од новите министри и заменици министри очекуваат да бидат гарант на тоа, но поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов истакнува дека од досегашното искуство од спроведувањето на договорот од Пржино логично е да се очекува новата влада да функционира тензично со постојани рововски борби за спроведување на секоја од надлежностите на новите министри.

Амосферата е таква што мислам оти не може да нема опструкции. Ќе има опструкции сигурно. Ете на Јанева и одзедоа два месеци. Така да опструкции како нејзе што и правеа ќе има секаде.
Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието.

„Амосферата е таква што мислам оти не може да нема опструкции. Ќе има опструкции сигурно. Ете на Јанева и одзедоа два месеци. Така да опструкции како нејзе што и правеа ќе има секаде“, вели Андов.

Според Андов четворката од Пржно во наредниот период би требало да го постави како приоритет изнаоѓањето механизми за евентуална деблокада на министерствата со цел тие да може да работат.

„Ако им се случат на кого било од овие двајца министри еднаш или повеќе пати такви работи треба да кажат дека се спречувани да работат и треба да интервенира четворката од Пржино, ако не, нека ги притисне пак Меѓународната заедница и да почнат да работат“, додава Андов.

Од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека очекуваат новите министри и заменици министри да бидат фокусирани на изборниот процес и да не ги кочат проектите на владата, а од СДСМ излегоа со став дека минстерствата ќе работи за сите граѓани и дека ќе гарантират дека граѓаните нема да бидат уценувани со социјална помош и субвенции во земјоделството.

Аналитичарот Здравко Савески не мисли дека новите министри може да направат многу во своите надлежности, бидејки немаат мандат да спроведуваат мерки и политики, туку само да обезбедат регуларно функцинирање на новите министри, но нагласува дека тоа може да значи разлика во исполнување на надлежностите.

„МРВ ќе биде многу значајано за спречуавање на нерегуларностите на изборите, но доста поважни ќе бидат и министерствата кои вклучуваат давање субвенции за граѓаните, бидејќи дали бенефициите се даваат по партиска линија или на објективен начин е нешто што е многу важно прашање“, вели Савески.

Андов само забележува дека работата на новите министри допрва почнува и порача дека тие треба да бидат министри со целосен капацитет.

„Мислам дека тие ќе бидат сведени на контролори на власта и тука ќе биде таа опструкција. Инаку тие се таму министри со цел капацитет. Немаат ограничена активност. Така што тоа ќе зависи и од нив самите.“

Од вчера нови министри за внатрешни работи и за труд и социјала се Оливер Спасовски и Фросина Ременски од СДСМ, Марта Томовска Арсовска во Министерството за информатичко општество и администрација по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а заменици опозицијата доби и во финансии, администрација и земјоделство.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG