Достапни линкови

Политичките преговори – чекор напред два назад


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Преговорите за спроведувањето на договорот од Пржино, корупцијата и состојбите во јавното здравство се најкоментираните теми на нашата веб-страна.

„Македонска пиперевка: еден напред, два назад“ - напишал, се чини, голема вистина Незабеган на нашата веб-страница откако партиските челници конечно постигнаа договор да продолжат со остварувањето на договорот од Пржино.

Всушност, во Македонија нема ништо, а наскоро ќе нема ни луѓе (кој умрел в болница, кој се отселил). Остваруваме.
коментар од читател.

Очигледно многу сте чувствителни, почитувани, на прашањето дали има или нема корупција во Македонија. Ситизен потврдува, иронично, дека нема и препорачува да се гледаат и читаат само прорежимските медиуми - сè е океј, тука и таму опозицијата ќе направи некој инцидент, вели, но тоа по закон и Устав брзо се решава. Хамбург потврдува и прашува: „Зарем во Сирија или Северна Кореја има криминал и корупција? А кој го кажува тоа? Странците? Па тие се непријатели, а и секој што ќе каже против режимот е непријател“, иронизира Хамбург. Незабеган коментира: „Всушност, во Македонија нема ништо, а наскоро ќе нема ни луѓе (кој умрел в болница, кој се отселил). Остваруваме“ - завршува тој со мотото на ВМРО-ДПМНЕ. Ники од Скопје напишала дека во Македонија нема повеќе криминал и корупција отколку во соседните држави и дека со или без НАТО и ЕУ, Македонија е Македонија и Европа, а грешката била во земјава - дека во неа живеат Македонци (дека се несакано бебе) и прашува дали да биде еутаназирано.

На потпишан со индикативно име, „Доста ни е од вас“ се чини му е доста од двете најголеми ривалски партии, па оставил коментар: „И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се две страни на иста паричка. Дури и членовите им се со две партиски книшки, а имаат сосема различни интереси од народот“.

Сите недостатоци на нашето јавно здравство и сите маки низ кои поминуваат оние што имаат потреба од лекување се опфатени во нашата саботна анализа со наслов: „Лекувањето во државните болници е руски рулет“ на колегата Владимир Калински. По неа, Ситизен прашува: „А има ли нешто што функционира нормално?“ - напишал. Па додава дека руски рулет е да ги ставиш прстите во штекер за да провериш дали има струја, сеедно побезболна смрт отколку да одиш одиш в болница и да се коцкаш како во казино, само што влогот не се жетони, туку сопствениот живот, коментира Ситизен.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG