Достапни линкови

Предлогот за забрана на „бомбите“ - најкоментирана тема


Предлог - законот за повлекување на „бомбите“, работата на работните групи за договорот од Пржино и интервјуто на вицепремиерот за евроинтеграции, привлекле најмногу коментари.

Предлог-законот за забрана на објавување на „бомбите“ продолжува да биде во фокусот на вашиот интерес, почитувани. Професорот на Правниот факултете Шкариќ вели дека законот е морбиден, а Ситизен во својот коментар на нашата веб-страница додадава дека многу нешта се морбидни и дека одамна живееме и некаков морбиден живот, но дека не виновна власта, туку народот што го дозволува тоа. Ситизен му упатува и директна порака на професорот: „Ова требаше прв да го кажете за оној чиј ментор бевте, а едно време мавташе со докторат по демократија. Но еве, малку залади, се разврна, па мудро си седи во она здание на Водно....“, коментира Ситизен асоцирајќи на претседателот Иванов и поранешен колега на Шкариќ.

Џафери се согласи да се повлече предлогот, но само до 20 октомври. Увидел дека заедно со ДПМНЕ може да вметнат уште некои работи, да се забрани објавување на карикатури, написи од соросоидни новинари, критики, де.
коментар од читател.

Љупчо Манчев на нашата Фејсбук страница напишал: „Тие не се нормални, а боранијата уште поненормална, чувај нè боже“. Овој пат вредниот Ситизен го коментира и повлекувањето на предлог законот што го предложија Талат Џафери и Крсто Мукоски: „Џафери се согласи да се повлече предлогот, но само до 20 октомври. Увидел дека заедно со ДПМНЕ може да вметнат уште некои работи, да се забрани објавување на карикатури, написи од соросоидни новинари, критики, де,... и да се знае да се пишува само за позитивните достигнувања, ако нема да се измислат, да се велича пастирот, кој претендира да го замени, па зошто и да не го престигне и самиот Исус...“

За тоа дека министрите од СДСМ, кои според договорот од Пржино треба да учествуваат во работата на преодната влада, чекаат на готовс, Анонимен некако се сомнева во тоа, па напишал: „Теренот за оваа година и кусур од најавата за бомбите се зачисти (читај местото на злосторот). Плус се носат закони за отежнување на работата на идните министри од опозицијата. Ќе се купува секоја минута од страна на власта, за кожата се работи, ќе се купуваат и други работи до изборите, како велат, парата буши каде што бургијата не.

На Фејсбук се коментира и неделното интервју на РСЕ со вицепремиерот Фатмир Бесими, кој вели дека ако договорот од Пржино не се испочитува, може да се случи и да не добиеме препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Андреј Ежов не е загрижен и цинично пишува: „Дежа ву, топло-ладно лигавешки... се знае дека ќе добиеме и препорака и препонога, овие насмеани корумпирани манги мора да си ги заработат пензиите...“ - коментира Андреј под фотографијата на претставниците на ЕУ.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG