Достапни линкови

Кој ќе ги гради улиците во касарната во Битола?


Згради изградени на местото на некогашната касарна во Битола.
Згради изградени на местото на некогашната касарна во Битола.

Не е одобрен кредитот од Светска банка со кој требаше инфраструктурно да се уреди битолската касарна каде никнува нова градска населба.

Со ребалансот на буџетот на Општина Битола повлечен е кредитот од 2,5 милиони евра, затоа што се уште не е одобрен од Светска Банка. Парите од него требаше да се искористат за инфраструктурно уредување на битолската касарна каде никнува нова градска населба. Советниците од опозицијата побараа одговор која е причината што општината не го добила кредитот?

Тој кредит беше предвиден во буџетот за 2015 година. Сега со ребаланост тој кредит го нема, се повлекува.
Александар Касаповски, советник од ЛДП.

„Тој кредит беше предвиден во буџетот за 2015 година. Сега со ребаланост тој кредит го нема, се повлекува. Се поставува прашањето дали повлекувањето на кредитот од буџетот на Општина Битола има врска со истрагата што е поведена од страна на обвинителството за постоење на основано сомнение за нелегално и незаконско трошење на пари од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ во Битола“, праша Александар Касаповски, советник од ЛДП.

Згради во битолската Касарна.
Згради во битолската Касарна.

Опозиционерите прашаа со кои пари ќе се изградат улиците во касарната, фекалната и атмосферската канализација?

Што се однесува до динамиката на работите во АРМ1 и АРМ2, сė она што беше обврска на Општина Битола, поставувањето на водоводна и канализациона мрежа е завршено, така што сите изградени објекти се поврзани на истата.
Соња Карапашовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Има застој во изградбата на инфраструктурните објекти во касарната. Ненамесното трошење на парите што ги уплатија инвеститорите за да се изгради инфраструктурата градоначалникот Талески рече дека ги пренаменил во индустриската зона, каде што дал приоритет. Инвеститорите што купиле парцели во касарната треба да добијат тоа што си платиле. Значи досега требаше да биде изградена инфраструктурата. Прашање е што ќе се случи понатаму доколку инвеститорите во касарната побараат надомест од општина Битола, за неисполнетите обврски кон нив“, рече Зоран Стојчевски од СДСМ.

Според советничкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ кредитот е повлечен од буџетот зашто не е завршена тендерската постапка.

„Што се однесува до динамиката на работите во АРМ1 и АРМ2, сė она што беше обврска на Општина Битола, поставувањето на водоводна и канализациона мрежа е завршено, така што сите изградени објекти се поврзани на истата. Моментачно се работи на главната улица“, изјави Соња Карапашовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во битолската касарна веќе се изградени повеќе станбени објекти каде добар дел од становите се продадени. Дел од новите станари се уште не можат да се вселат зашто не е изградена потребната инфраструктура.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG