Достапни линкови

Градежните зафати може да ја уништат Галичица


Експерти и еколози се противат на најавената изградба на ски-центар и експресен пат во Националниот парк Галичица.

Охриѓани кажаа уште едно не за владините проекти кои се планирани во потегот на националниот парк Галичица, како што се изградбата на скијачкиот центар, експресниот пат од Охрид до Свети Наум и туристичките развојни зони во Љубаништа. Сите забелешки беа изнесени на јавната расправа за ревидираниот нацрт извештај за стратегиска оценка за влијанието на животната средина на Предлог измените на Планот за управување со националниот парк.

Мислам дека тоа ќе бидат големи нарушувања на Националниот парк. Вие да градите пат низ Национален парк е нон сенс. Еве на пример Дурмитор, во периодот кога Охрид беше примен во УНЕСКО и Дурмитор беше примен во УНЕСКО.
Трајче Талески, Хидробиолошкиот завод од Охрид.

Изградбата на ски-центар на Галичица е многу непромислен потег бидејќи според научните истражувања кои се правени е утврдено дека топлината која во зимскиот период се издвојува односно се ослободува од Охридското Езеро создава блага клима на целиот потег околу езерото која не е погодна за еден зимски центар, вели Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод од Охрид.

Туристичкиот комплекс Свети Наум во Охрид.
Туристичкиот комплекс Свети Наум во Охрид.

„Мислам дека тоа ќе бидат големи нарушувања на Националниот парк. Вие да градите пат низ Национален парк е нон сенс. Еве на пример Дурмитор, во периодот кога Охрид беше примен во УНЕСКО и Дурмитор беше примен во УНЕСКО. Но, таму има планина и има пат за моторни возила, но пат по кој не можат да се разминат моторни возила. Ние сакаме да правиме автопат низ Национален парк. Мислам дека многу ќе наштети на самиот растителен и животински свет“, вели Талески.

Сливното подрачје на Охридското Езеро располага и со други места за изградба на скијачки центри. Сливното подрачје на Охридсково Езеро се протега од Пресека до Буково и до Св. Наум. Па малку ли има места во Дебрца за изградба на скијачки центри? Да ја оставиме Галичица да го штити Охридското Езеро, да го оставиме езерото да е богато со флора и фауна.
Лазо Наумоски, еколог.

Лазо Наумоски, екологист од Охрид и добар познавач на приликите со природата во охридскиот регион, со порака Галичица да биде оставена да го штити Охридското Езеро.

„Сливното подрачје на Охридското Езеро располага и со други места за изградба на скијачки центри. Сливното подрачје на Охридсково Езеро се протега од Пресека до Буково и до Св. Наум. Па малку ли има места во Дебрца за изградба на скијачки центри? Да ја оставиме Галичица да го штити Охридското Езеро, да го оставиме езерото да е богато со флора и фауна“, рече Наумоски.

Елизабет ван Зил, еден од авторите на нацрт извештајот, вели дека најсериозни забелешки има во делот на туристичката развојна зона Љубаништа 3, во делот во кој се наоѓаат изворите во Свети Наум.

„Во врска со изворите кај Св. Наум беше утврдено дека очигледно тоа е едно важно природно живеалиште и локалитет, каде живеат важни видови на флора и фауна и не е возможно истото да биде компензирано во рамките на паркот и сметаме дека тоа е област која не може лесно или не може воопшто да биде заменета. Препораката беше Љубаништа 3, која е една компонента од туристичката развојна зона да биде ревидирана и дали предвидените проекти за оваа зона треба да се спроведат“, рече Елизабет ван Зил.

XS
SM
MD
LG