Достапни линкови

Зголемен број мигранти, но ред има


Мигранти во Гевгелија.
Мигранти во Гевгелија.

Од хуманитарните организации велат дека во изминатите денови по околу 5 илјади мигранти поминувале низ нашата територија. За разлика од порано возот кој ги превезува мигрантите сега доаѓа и застанува на пругата кај контролниот пункт, а не на железничката станица во Гевгелија со што е олеснето движењето на мигрантите.

Дивиот премин на македонско – грчката граница во моментов е речиси празен. Дел од мигрантите кои влегоа утрината на македонска територија се уште се во контролниот пункт или веќе заминале накај Табановце. Најголемата група мигранти, околу 500 до 600 се качија на возот претпладне.

Стари, млади, семејства со деца, со ранци на грбот и со нешто храна и вода која ја добиваат од хуманитарните организации се качуваа во групи во вагоните. Качувањето пак го контролираат безбедносните сили. Мигрантите пред да влезат во возот си купуваа карти за Табановце. За разлика од порано возот кој ги превезува мигрантите сега доаѓа и застанува на пругата кај контролниот пункт, а не на железничката станица во Гевгелија со што е олеснето движењето на мигрантите.

Останатите дел чекаат во контролниот пункт да добијат потврди со кои можат слободно да се движат низ земјата, а за кои немаше место во возот. За тоа време сретнавме и група на дечиња кои во еден од шаторите си играа и пееја додека нивните родители одмораа во контролниот пунк. Таму ја сретнавме и Миријам Хусеин од Сирија која патува со нејзиниот сопруг и двегодишното дете. Ни кажа дека Сирија ја напуштиле пред еден месец. Вели дека сака да стигне во некоја земја каде што ќе може мирно да спие, каде што ќе може да работи и каде што нејзиниот син кога ќе се разбуди од спиење нема да слуша пукотници, туку ќе може слободно да расте.

Од хуманитарните организации велат дека во изминатите денови по околу 5 илјади мигранти поминувале низ нашата територија. Тие им обезбедуваат храна и пијалоци, медицинска помош на мигрантите. Велат дека сега процедурата за разлика од порано е подобра, но се уште има некои проблеми со кои мигрантите се соочуваат. Кога ќе стигнат мигрантите во Табановце, својот пат го продолжуваат во Србија, а потоа во некоја од западните земји.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG