Достапни линкови

НАТО подготвен да ѝ помогне на Турција


НАТО подготвен да и помогне на Турција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

НАТО подготвен да и помогне на Турција

НАТО соопшти дека во вторник ќе одржи вонреден состанок на кој ќе се дискутира за турските безбедносни операции против милитантите на Исламската држава и бунтовниците на Курдската работничка партија. Турција деновиве почна да изведува воздушни напади во соседните Сирија и Ирак.

Во Брисел е наведено дека Турција побарала Состанок на Советот на НАТО во кој се вклучени амбасадорите на сите 28 земји членки на Алијансата.

Консултациите, како што се додава, биле свикани поради сериозноста на ситуацијата по грозоморните терористички напади во изминативе денови.

„НАТО сојузниците го следат развојот на ситуацијата многу внимателно и покажуваат солидарност со Турција“, се наведува во соопштението на Алијансата.

Анкара се повика на клаузулата од основачкиот договор на НАТО со која и се дозволува на секоја членка да бара состанок „во секое време доколку се најде под закана нејзиниот територијален интегритет, политичката независност или безбедноста“.

НАТО сојузниците го следат развојот на ситуацијата многу внимателно и покажуваат солидарност со Турција.
НАТО.

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу изјави дека воздушните напади во Сирија и северен Ирак би можело да ја сменат играта во регионот.

Турската државна телевизија синоќа објави дека биле извршени нови напади врз курдските бунтовници на северот на Ирак. Авионите полетале од базата во Дијарбекир.

До овој напад дојде неколку часа откако турските власти соопштија дека милитанти на Курдската работничка партија активирале автомобил бомба во близина на Дијарбекир при што загинале двајца војници, а четворица други биле ранети.

Новинските агенции потсетуваат дека со тоа е нарушен договорот за прекин на огнот меѓу Анкара и курдските бунтовници кој е на сила од 2013 година.

За разлика од Соединетите Држави кои заедно со сојузниците во регионот вршат воздушни напади врз милитантите на Исламската држава, НАТО не е вклучен во воени дејствија.

Овој договор беше постигнат со цел завршување на 28-годишното крвопролевање во пресметките меѓу курдските бунтовници кои бараат независност и турските сили.

Во Истанбул и во некои други градови во Турција во неделата дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите кои следуваа по погребот на двајца Курди кои загинале за време на полициската акција.

Турската војска веќе неколку денови врши напади и врз позиции милитантите на Исламската држава во Сирија.

Ова дојде како одговор на самоубиствениот бомбашки напад во минатата недела во градот Суруч во близина на границата со Сирија.

Во нападот за кој одговорноста ја презеде ИД загинаа триесетина луѓе.

Покрај воздушните напади, турските власти покренаа и акции во земјата за приведување на лица кои се под сомневање дека биле членови на Курдската работничка партија или на Исламската држава.

Официјален Вашингтон силно ги поддржаа турските воздушни напади во Сирија.

Белата куќа соопшти дека Турција има право да се брани од нападите на курдските бунтовници кои Вашингтон ги има во списокот на терористички организации.

За разлика од Соединетите Држави кои заедно со сојузниците во регионот вршат воздушни напади врз милитантите на Исламската држава, НАТО не е вклучен во воени дејствија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG