Достапни линкови

Кризата во Грција - најкоментирана тема


Поевтино летување во Грција, изборниот систем, странските инвестиции и задолженоста на Македонија се најкоментираните теми на нашата интернет страница.

Тоа што некои наши економски експерти сметаат дека поради финансиската криза и можниот банкрот на државата летувањето во Грција ќе биде поевтино за нашите граѓани, не го прави редовниот Пиле многу оптимист.

Македонските граѓани, од Асан преку Стојко, од Тодор до Бајрам, од кои над 50 отсто се сиромашни и над 30 отсто невработени, кои чекаат бабите и дедовците да земат пензија за да го обезбедат потрошувачкиот месечен пакет за да обезбедат гол живот, не можат да размислуваат за одмор во Грција.
Коментар од читател.

На нашата веб-страница тој изразува сомнеж, веројатно размислувајќи и сосема реално, дека „Македонските граѓани, од Асан преку Стојко, од Тодор до Бајрам, од кои над 50 отсто се сиромашни и над 30 отсто невработени, кои чекаат бабите и дедовците да земат пензија за да го обезбедат потрошувачкиот месечен пакет за да обезбедат гол живот, не можат да размислуваат за одмор во Грција, а пак, за оние“, вели, „кои Владата ги купува со ѓомити свои финансиски средства од народниот фонд - буџетот, Грција е надмината дестинација и тие се упатуваат на далеку поегзотични места“. Коментарот Пиле го завршува со мотото на обединетата опозиција против власта на Груевски - НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР.

Нашата саботна анализа во која колешката Гаџовска Спасовска го разработува прашањето „Фер избори со политичка волја или нов изборен систем“, била предизвик за Незабеган да напише: „Сè е прифатливо, освен идните избори Груевски да (си) ги организира со неговите МВРО кол-центри и партиски кол-герли.“

Ако сега нема странски инвестиции не знам кога имало, квази портали!
коментар од читател.

Дека е мало фајдето од странските инвестиции во Македонија го знаат сите, плус, нашиот новинар Стојанчов во својот прилог го заклучува истото земајќи го предвид фактот дека земјава е на дното на балканската листа држави за привлекување странски капитал. На Фејсбук страницата на РСЕ, Јован Цветановски не се согласува со овој факт, па коментирал: „Ако сега нема странски инвестиции не знам кога имало, квази портали!“ Но повеќетемина од оние што постирале свои коментари не се согласуваат со Цветановски. Кети Корлевска, на пример, напишала: „Нема фајде со овие лоповите во врвот што бараат процент“.

Македонскиот долг е на границата на одржливост“ - велат економистите, а Виолета Аризанкоски напишала: „Бетер од Грција, но нашиот допрва ќе биде, нема да знаеме каде ни е крајот!“ Мите Матевски, пак, коментира: „Додека не ја направи во долгови Македонија како Грција, Грујо не се запира. Дури тогаш ќе видат поддржувачите на криминалот кого поддржувале, ама доцна ќе им биде!“ Нехат Лузха кратко и јасно вели: „Која граница, таа веќе не се ни гледа.“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG