Достапни линкови

Охридските кајчари куртулија од отворање фирми


По најавите на дел од кајчарите дека ќе стапат во штрајк, надлежните институции се повлекоа од намерата да ги натераат да отвораат фирми и ја преиначија одлуката.

Охридските сопственици на кајчиња кои превезуваат туристи по Охридското Езеро куртулија од првичната одлука која што им беше наметната да отворат фирми доколку сакаат и во иднина да ја вршат истата дејност. По најавите на дел од кајчарите дека ќе стапат во штрајк, надлежните институции се повлекоа од ваквата нивна намера и ја преиначија одлуката. Кајчарите сметаат дека таквите одлуки би биле штетни за туризмот.

Работевме паушали и со години и плаќавме на државата и на УЈП. Дојде пазарна инспекција и ни рекоа не важело тоа да плаќаме паушално, требало да се отвори фирма. За два три месеци колку што е сезона јас не би регистрирал фирма. Со ситуацијата сега луѓе нема. Ова му штети на туризмот.
кајчар од Охрид.

„Работевме паушали и со години и плаќавме на државата и на УЈП. Дојде пазарна инспекција и ни рекоа не важело тоа да плаќаме паушално, требало да се отвори фирма. За два три месеци колку што е сезона јас не би регистрирал фирма. Со ситуацијата сега луѓе нема. Ова му штети на туризмот, бидејќи секој гледа да извади некој денар, а мора да кажеме дека земаме пари само во странска валута“, вели еден кајчар.

На кајчарите на средбата со директорот на државниот пазарен инспекторат, а која беше иницирана од локалната власт во Охрид им беше ветено дека регистрацијата на фирма за вршење на оваа дејност нема да биде задолжителна обврска.

Тоа е долгорочно решение во кое би се интервенирало на еден член на законот и каде би се дал прецизен опис на дејноста кајчар, која би можела да се извршува на тој начин што истите би биле регистрирани во општината, односно во градот Охрид. Би се плаќал паушален износ на данок.
Кирил Миноски, директор на Државен пазарен инспекторат.

„Решението е измена и дополнување на законот. Тоа е долгорочно решение во кое би се интервенирало на еден член на законот и каде би се дал прецизен опис на дејноста кајчар, која би можела да се извршува на тој начин што истите би биле регистрирани во општината, односно во градот Охрид. Би се плаќал паушален износ на данок и тој го плаќаат во УЈП, а најверојатно ќе се плаќа одреден износ во општината за регистрација, а останатиот дел би бил регулиран со што нивната дејност би се регулирала со закон.“

РСЕ: Тоа значи дека нема да имаат потреба од регистрирње на фирми?

„Да, на овој начин како физички лица ќе можат да ја обавуваат оваа дејност“, рече Кирил Миноски директор на Државен пазарен инспекторат.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вели дека охридските кајчари се значен дел од туристичката понуда на градот.

„Ќе се обидеме да најдеме едно трајно решение кое во иднина ќе ги регулира односите во оваа сфера. Ние како локална самоуправа поднесовме иницијатива до Министерството за економија за измени и дополнување на законската регулатива. Од она што го имаме како фид бек од страна на кајчарите нема да има намалување на бројот од нивна страна, но треба да се прилагодат на новите законски измени“, рече Бакрачески.

XS
SM
MD
LG