Достапни линкови

Концентрациона влада со или без Груевски?


Лидерите треба да договорат влада која ќе спроведува избори. За СДСМ секоја влада без Груевски е прифатлива. А премиерот вели дека на изборите во април повторно ќе победеле.

Потписите на лидерите на четирите партии на документот од половина страница именуван како анекс на договорот потпишан на 2 јуни во Скопје ги обврзува да испочитуваат три точки: да ги стават пред сè интересите на земјата и да ја потврдат својата посветеноста на евроатланскиот процес и демократските принципи, да ја потврдат целосната посветеност на договорот од 2 јуни и веројатно најтешката на 29 јуни да ја договорат организацијата на владата што ќе ги подготвува изборите, а од кога ќе биде постигнат договор опозицијата да се врати во парламентот.

До домашните петтоколонаши сакам да порачам, дека нивните игри, шпионски методи, нивните антидржавни делувања, има народ во ова земја кој ќе ги спречи и на кои ќе им се спротивстави. Тоа мора да се покаже ако сакаме да бидеме ценети секаде.
Никола Груевски, премиер на Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Засега пак договорот за владата не изгледа воопшто едноставен. Партиски извори вклучени во разговорите на лидерската четворка и странските посредници, тврдат дека во петокот не биле договорени никакви средби на формално ниво кои би требало да се одржат до понеделник, но дека не ја исклучуваат можноста да има неформални контакти со претставниците на странските амбасади. Од досегашните разговори, пак, истите извори велат дека ако се постигне договор за влада што би ги организирала изборите, најверојатно таа би била концетрациона и во неа би влегле претставници од сите партии.

Од СДСМ потврдуваат дека тие во разговорите околу формирањето на владата влегуваат со ист став, дека секоја влада во која не е Никола Груевски е прифатлива за нив.

о најважно е да се дефинира транзициониот период - кој и што ќе прави во тој транзиционен период, тоа е најважното и воспоставувањето на довербата за да може да се договорат со добра волја.
Лоренс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија.

Премиерот пак зборувајќи на прославата на 25 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ и отворањето на новата партиска зграда не спомена ништо околу евентуалните разговори за составот на новата влада туку зборуваше за изборите во април на кој повторно ќе победеле.

„До домашните петтоколонаши сакам да порачам, дека нивните игри, шпионски методи, нивните антидржавни делувања, има народ во ова земја кој ќе ги спречи и на кои ќе им се спротивстави. Тоа мора да се покаже ако сакаме да бидеме ценети секаде“, рече Груевски.

Но пред изборите, односно периодов и претставници на меѓународниот фактор во земјава велат дека најважно е да се договори кој и што ќе прави во транцизиониот период.

„Има многу работи за кои денеска се преговара, во однос на функционирањето на судството, функционирањето на собранието, функционирањето на медиумите, функционирањето на сè, но најважно е да се дефинира транзициониот период - кој и што ќе прави во тој транзиционен период, тоа е најважното и воспоставувањето на довербата за да може да се договорат со добра волја“, рече амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер во интервју за нашето радио.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не успеавме да добиеме одговор за тоа што се случува периодов до 29 и со каква позиција околу составот на преодната влада влегуваат во разговорите.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG